Мрачната драма за еден од најпознатите антистрип-херои, филмот „Џокер“, со 11 номинации доминира на листата за наградите што ги доделува Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА), што ќе се одржи на почетокот на февруари. По десет номинации имаат „Ирецот“ на Мартин Скорсезе и „Беше еднаш во Холивуд“ на Квентин Тарантино, кој е и годинашен добитник на „златен глобус“ за најдобра комедија.
По нив следува воената драма „1917“ на Сем Мендес, со девет номинации, исто така добитник на „златен глобус“ за најдобра драма. Овие четири филма за главната награда ќе се борат со „Паразит“, јужнокорејско филмско остварување на режисерот Бонг Џон-Хо. Хоакин Феникс е номиниран за најдобар актер, во конкуренција со Леонардо ди Каприо за „Беше еднаш во Холивуд“, Адам Драјвер за „Брачна приказна“, Тарон Егертон за „Рокетмен“ и Џонатан Прајс за улогата во „Двајца папи“.
За најдобри глумици се номинирани Скарлет Јохансон („Брачна приказна“), Сорис Ронан („Мали жени“), Шарлиз Терон („Тие се бомби“), Џесика Бакли („Дива ружа“) и Рене Зелвегер за „Џуди“.