Во Културниот центар Фрисхусет во Малме во тек е изложбата „Обединувања „ на Гордана Винчиќ и Игор Љубичевски-Љубац

Една неформална и спонтаната средба со стариот продавач на килими во скопската чаршија заврши со успешна изложба во Шведска. Уметниците Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски – Љубац на 17 деќември ја реализираа меѓународната изложба ”Обединувања” подржана од Министерство за Култара на  Македонија  во соработка со Сафет Камбери директорот на Домот на Културата ”Кочо Рацин Скопје”, градот Малме, Младинскиот Културен Центар – Фрисхусет, Женскиот актив на македонското здружение во Малме и други.  Во интерес што поголем број на луѓе да ја посетат изложбата, таа ќе биде отворена до 31 декември годинава.

”Забележевајќи не како воодушевено ги набљудуваме распружените килими стариот дуќанџија почна живописно и со страст да ни раскажува за нив. Рече да влеземе во дуќанот каде што владееше беспрекорен ред и изобилството на шари и ткаенини. Се фалеше и покажуваше дека има ракотворби од вештите прсти на жените, македонки, албанки, турчинки, босанки, србинки и други. Додаваше со несмален жар дека матерјалите се од природна волна и памук а боите од кори, лушпи или корења на одредени билки како што се: ореви (темнокафена), индиго(модроплава), кромид(жолтокафена) и крмез(црвена). Во еден миг се растажи доверувајки ни се дека правењто на традиционалните килими исчезнува. Носталгично се присетуваше како дедо му раскажувал за разменувањето на искуства и како тоа на времето ја оплеменувало робата, луѓето и чаршијата.” – Раскажа Игор за средбата со килимарот.

”Разновидните орнаменти, симболи и бои на ткаенините во дуќанот беа многу слични и непосредно ги доживеавме како мост кој ги обединува културите во нашето поднебје. Секој килим, покривка и парче носиjа одаваше чин при кој жените изразувале емоции, вештина, естетска и креативност. Сфативме дека нивните ракотворби не се случајност, туку една мултикултурна поврзница која ја потврдува желбата за взаемно влијание во нашата земја. Интуитивната и автентичната интерпретација на ткајачките сведочеше за убавина, порив, величанственост и инспирација во ракотворба. Средбата со стариот килимар не инспирашесо Игор да изработиме околу четриесетина дела во современа изразна форма вклучувајки и електронски медиуми. Делата да содржат стилизитани симболични траги како препознатливи елементи од неисцрпната традицијата и културно- историската ризница на нашата земја. Симболиката во делата истовремено да асоцира и раскажува за поврзницата на културите и племенитоста која произлегува од неа. ” Раскажа Гордана за инспирацијата и уметничките дела.

Првиот ден од изложбата ”Обединувања” беше отворено до доцните вечерни часови поради континуираната посетеност во текот на целиот ден. И покрај празничните прослави во овој период на годинатаимаше голем број на посетители од Малме. Дружбата беше обогатена и со љубопитни посетители со потекло од најразлични делови на светот. Познато е дека градот важи за нај мултикултурен центар во Скандинавија со 186 националности. Публиката беше воодушевена наведуваат организаторите од Младинскиот Културен Центар – Фрисхусет каде што се одржува изложбата.

На задоволство на авторите имаше и голем број на посетители со македонско потекло кои горди и со насмевка ги препознаваа стилизираните елименти на самите дела и со задоволство го споделуваа тоа со останатата публика. Изложбата ја посетиа и уметници од Шведска меѓу кои и реномираниот сликар Бертил Петерсон. Несебично сподели дека многу му се допаѓа современиот израз на елементите од македонското културно наследсво на изложените дела. Изминатите неколку дена по отварањето на изложбата уметниците продолжуваат со топол разговор да дружат со посетителите.

 

 

 

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.