15. декември 1945 – Симфонискиот оркестар на Македонската филхармонија го оддржал својот прв симфониски концерт.
Македонска филхармонија — единствениот симфониски оркестар во земјата. Од основањето до денес, оркестарот игра важна улога на полето на музичката уметност во Македонија и како претставник на домашната класична музика во странство. Со него раководеле истакнати македонски и странски диригенти и настапувале видни солисти. Гостувала во разни земји во Европа, како и Средна и Латинска Америка .
Има широк репертоар од симфониски, вокално-инструментални и камерни дела од класичното, современото творештво од домашни и странски композитори. Во склоп филхармонијата повремено работи и камерен оркестар.
15. декември 1946– Во Скопје започнале првите предавања на Филозофскиот факултет — наследник на стариот скопски филозофски факултет (во склоп на Белградскиот) и прв факултет при Универзитетот во Скопје, денес „ Св Кирил и Методиј“. Филозофскиот факултет не е значаен само по тоа што е прв модерен факултет во слободна Мкедонија. Имено, тој ги воспоставил темелите на македонската научна дејност, давајќи ги првите високообразовани кадри на територијата на земјата, а е посебно важен во доменот на општествените истражувања како зародиш на повеќе особено битни институции за македонската државност како МАНУ, ИНститутот за нИнститутот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и други. Факултетот е добитник на престижната републичка награда 11 Октомври во 1976 година .