Нобелова награда — награда што ја основал пронаоѓачот на динамитот, шведскиот физичар Алфред Нобел ( 1833-1896) за најголеми достигања во областа на физиката,хемијата,медицината,книжевноста ,мирот и економијата.
Нобеловите награди им се доделуваат генерално на луѓе (или во случајот Нобеовата награда за мир , исто така и на организации) што постигнале извонредни истражувања , измислиле револуционерни техники или направи, или оствариле извонреден учинок во општетсвото . Во областите во кои наградата се доделува, таа се смета за највисок дострел во светот. До март 2005, доделени се вкупно 770 Нобелови награди. Неколку добитници ја имаат одбиено наградата.
По негова желба околу 31,5 милиони шведски круни се издвоени за основање на Нобеловата задужбина, а таа сума денес изнесува околу 1,5 милијарди шведски круни (162 милиона евра).
Признанијата за медицина, физиологија, хемија, физика, економија и книжевност се доделуваат во Стокхолм, а во Осло се доделува наградата за мир.
Нобеловата награда (на шведски: Nobelpriset) е шведска награда, која била воведена во 1895 година според тестаментот на шведскиот хемичар и изумител Алфред Нобел; за прв пат во 1901 година биле доделени награди за физика, хемија, физиологија или медицина, литература и мир. Уште една награда која е поврзана со оваа била воспоставена од Централната банка на Шведска (Банка на Шведска) во 1968 година и била доделена за прв пат во 1969 година, а тоа е Наградата за економски науки на Банката од Шведска во сеќавање на Алфред Нобел. Нобеловите награди во нивните специфични дисциплини (физика, хемија, физиологија или медицина и литература), како и наградата за економија, која често се идентификува преку нив, општо се сметаат како најпрестижни награди што еден човек може да ги добие во овие области. Нобеловата награда за мир дава општествен престиж и често е контроверзна во политичка смисла.
Пет Нобелови награди биле воведени според крајниот тестамент на Алфред Нобел, шведски хемичар и индустријалец, кој бил пронаоѓач на високо-експлозивниот динамит. Иако Нобел напишал неколку тестаменти за време на неговиот живот, неговиот последен тестамент бил напишан нешто повеќе од една година пред неговата смрт, а бил потпишан во Шведско-норвешкиот клуб во Париз на 27 ноември 1895 година. Нобел оставил во наследство 94% од неговите вкупни средства, 31 милион шведски круни за да се основаат и потпомогнат петте Нобелови награди. (Почнувајќи од 2008 година тоа е еднакво на 186 милиони американски долари.)