Ретро -Грамофон, машина која го разубавуваше животот во семејството

Постојат апарати во нашиот дом кои служат како антиквитети и бришеме од нив прашина. Таквите апарати заминале со времето и сега потсетуваат на некои времиња минати, на животни приказни или случки од некогашното секојдневие. Можеби еден ден ќе се вратат во изменета форма , но со иста задача и ќе завземат ново место во нашите животи. Една таква машина која долги години им го разубавуваше животот на сите е грамофонот. За оние помладите, грамофонот е механичка направа за снимање и репродукција на звукот. Првата таква направа бил фонографот кој го измислил Емил Берлинер во 1887 година. Својот патент го пријавил во 1887, а години подоцна го усовршил Томас Едисон, научник чии пронајдоци се поврзани со звукот и неговото производство.

Терминот фонограф често се поистоветува со направа која репродуцира грамофонски плочи но, всушност таква функција никогаш немал. Кога ќе ги погледнете направите за репродукција на сингл и ЛП плочи станува збор за грамофон, а не за фонограф.

Грамофонот се состои од три главни делови:

  1. погонски механизам кој го вртел држачот на грамофонската плоча. Во почетокот овој механизам се навивал рачно, а подоцна бил вграден електричен мотор.
  2. Вториот дел е држачот на иглата која се спуштала на грамофонската плоча. Иглата ги пратела браздите вдлабени на грамофонската плоча и притоа, вибрилала лево и десно и тие микро вибрации се насочувале кон изворот на звукот.
  3. И третиот важен дел е трубата за репродукција. На почетокот до неа се пренесувале и појачувале вибрациите претворени во звук. Подоцна тука бил ставен засилувач кој бил поврзан со звучник.

Иглите на почетокот биле челични и било потребно да се менуваат после неколку плочи. Подоцна ги изработувале од сафир, а најдобри биле дијамантските.

Зошто грамофонот падна во заборав?

Грамофонот е хардвер кој исклучиво служи за репродукција. Меѓу првите и најгорливи проблеми е проблемот на застарувањето на хардверот. Во моментот кога се јавува некој нов поовршен носач, престанува производството на хардверот за предходниот носач и по одреден број години , не само што веќе не може да се купи, туку за него нема резервни делови и техничка подршка, односно сервисирање. Застареноста на хрдверот засега е многу поизразена кај аналогната технологија, бидејќи дигиталната технологија е од релативно поново време.

Сепак, историјата на дигиталната ера на звукот започнува со изработката на првиот компакт диск , кој се појавува на пазарот во 1982 година. Од тогаш грамофонот како да паѓа во заборав. Беа потребни години за повторно да се врати на сцената и тоа со најновиот производ што го привлече вниманието на аудиофилите – грамофон што го дизајнирал човекот што се потпишува како РД Силвер.

Станува збор за минималистички концепт на грамофон каде што се отстранети сите непотребни“ работи што, според дизајнерот, го нагрдуваат изгледот на грамофонот.
Новото грамофонско чудо нема подлога на која се става винилката, туку само мал електромотор што ја врти.

Рачката за иглата и понатаму е во стандардна форма, но во една необична варијанта од извртена бакарна цевка. Дизајнерот успеал да го намали телото на грамофонот, во вид на мала прачка на која се ставени копчињата за основните функции.

Можеби овој модел грамофон не ги задоволува стандардите на аудиофилите, но сепак го одзема здивот кога ќе се погледне неговиот дизајн.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.