Вечерва во МОБ балетската претстава “Рајмонда“

Вечерашната балетска изведба на “Рајмонда” е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат првенците: Марија Кичевска Шокаровска и Васил Чичијашвили од Грузија.

Инаку, светската премиера на балетот во два чина “Рајмонда” е одржана во Маринскиот театар во Санкт Петербург, во јануари 1898 година, а либретото е базирано на типичната драматургија која го обележува тоа време – романтизмот. Во приказните на овој уметнички правец доминираат темите за јунаштвото, благородништвото, љубовта, достоинството и честа.

Вечерва на сцената на МОБ ќе играат : во улогата на Абдурахман гостинот од Италија Давиде Буфоне, а Бела Дама ќе ја толкува Наташа Јосифовска заедно со истакнати солисти, како и целиот балетски ансамбл и оркестар на МОБ. Диригент е Едуард Амбарцумјан од Русија. “‘Рајмонда’ е претстава со прекрасни костими и спектакуларна сценографија, што ги изработи МОБ под менторство на гостите од Украина Гана Ипатиева и Андреј Злобин.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.