Доделени наградите на затворањето на 18. издание на CINEDAYS

Со прогласувањето на наградените филмови и премиерата на филмот „Зад хоризонтот“ на Делфин Ларисиво киното Милениум е затворен 18-от Меѓународен фестивал за европски филм „CINEDAYS“.

„Заврши полнолетното издание на „CINEDAYS“ и со задоволство можеме да почнеме да го подготвуваме следното, бидејќи ова издание го следеше повеќе од 12 000 публика, имавме 100 странски гости, а вестите за фестивалот покрај домашните новинари ги пренесуваа и десетина акредитирани новинари од регионот. Гласот за овој фестивал допира се подалеку, дигиталната комуникациска стратегија ги покажа своите бенефити и знаеме дека се движиме во вистински правец“ – изјави Русе Арсов, в.д. директор на Младинскиот културен центар.

Натпреварувачката програма на фестивалот ја следеше меѓународна жири комисија која ги додели следниве награди:

Во официјална селекција, награда „Златна ѕвезда“ за најдобар филм ја доби „Лилијан“ од Андреас Хорват, Австрија.

Награда „Сребрана ѕвезда“ за најдобра режија за филмот „Орај“ во режија на Мехмет Акиф Баукаталеј, Германија

Награда  „Сина ѕвезда“ за најдобро сценарио е за Моуниа Медоур, сценарист и режисер на филмот  „Душичка“, Франција, Алжир, Белгија, Катар.

Специјално признание за филмот „Орај“ на Зејхун Демиров за инзвонредниот актерски перформанас во филмот.

Во селекцијата СинеБалкан награда „Златно сонце“ за најдобар филм доби филмот „Сестра“ во режија на Светла Кокоросова, Бугарија.

Специјално признание за филмот „Куќата на агата“ во режија на Лендита Зекирај, Косово, Хрватска, Франција, Албанија

Награда за Најдобра филмска музика на композиторот Михаил Новински за филмот „Со остар нож“ од Теодор Кун.

Награда за Најдобар студентски филм за филмот „Бела соба“во режија на Младен Станиќ.

Награда Young Cinema Award од жирито на Џифони филм фестивал за филмот „Душичка“, на Моуниа Медоур, Франција, Алжир, Белгија, Катар.

Овогодинешниот 18-от Меѓународен фестивал за европски филм „CINEDAYS“ на својот репертоар имаше 97 филмски проакции, шест работилници, две промоции на книги, една изложба на фотографии и седум концерти.  Фестивалот траеше девет дена.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.