7.ноември 1917-Во Петроград избувна позната Октомвриска револуција

Санкт Петербург (руску: Санкт-Петербург) — еден од најголемите градови во Русија  основан од страна на царот Петар Велики во 1703 година. Изграден е на мочурливо земјиште, а за време на неговата изградба загинале илјадници луѓе. Овој град е создаден за да ја отвори Русија за Западот, а во текот на наредните два века тој ја заменил Москва  како центар на политичкиот живот во Русија.

Каналот Грибоедов со црквата на Христовото Воскресение

Низ неговата историја, градот го сменил своето име три пати. За време на Првата светска војна, неговото име е сменето во Петроград. Во советската ера пак, вториот по големина град во СССР го носел името на Ленин – Ленинград. По падот на комунизмот, на градот му е вратено првобитното име, Санкт Петербург, иако неговите жители нагалено го викаат само Петар (Питер).

 

 

 

Октомвриска револуција (позната и како Болшевичка револуција) — втората фаза на Руската револуција од 1917 г. Првата фаза на Руската револуција започнала со Февруарската револуција во истата година. Револуцијата ја кренале руските болшевици на чело со Владимир Ленин и Лав Троцки заедно со меншевиците, левите социјалисти и анархистите. Оваа револуција била првата марксистичко-комунистичка револуција во историјата.

На почетокот, овој настан се нарекуваше Октомвриско востание или Востанието од 25-ти, на пример, во првите изданија на севкупните дела на Ленин. Неговиот официјален назив, „Голема октомвриска социјалистичка револуција“ потекнува од прославата на 10-годишнината од револуцијата во 1927 г.

Резултатот од револуцијата било воведување на еднопартиска власт на комунистите и реорганизација на претходното Руско царство во Сојуз на Советските Социјалистички Републики.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.