На 30.октомври во салата Агора, во Монако за прв пат беше одржана Манифестација за Македонците од Азурен брег. Во рамки на оваа манифестација, беше одржана и прва средба на Македонците од овој дел на Франција а со младите беше изведен перформансот “Силјан штркот на пат кон Франција”-соврем ена драмска игра по мотиви на познатата македонска приказна.
Манифестацијата е во продукција на Елена Голомеова, која е присутна во културниот живот на Азурен брег а во реализација на проектот учествуваа македонски и француски соработници од областа на културата.
Проектот е финансиран од Владата на РС Македонија а успешната реализација беше помогната и од администрацијата на Азурен брег и од советникот на Принцот од Монако.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.