„Улица” од Славко Јаневски е објавена во 1950 година. Таа е првото поголемо прозно дело напишано на македонски јазик и објавено пред неговиот роман „Село зад седумте јасени” од 1952 година. Книгата во македонската исотрија на култура се води како повест ,но с епочести се гласовите дека станува збор за кус роман. И токму поради овие дилеми Фондацијата Славко Јаневски,организирае тркалезна маса на која учествуваа професори, книжевни критичари, писатели, поети: Славе Ѓорго Димоски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лорета Георгиевска-Јаковлева, Ѓоко Здравески, Трајче Кацаров, Мими Блажевска, Татјана Б. Ефтимоска…, а модератор беше директорот на Фондацијата, Ѕвездан Георгиевски.
Тркалезната маса беше организирана во пресрет на одбележувањето сто години од раѓањето на Славко Јаневски (11 јануари 1920) и 70-годишнината од објавувањето на „Улица”, во 2020 година.
Презентираните материјали заедно со текстот на „Улица” ќе бидат објавени во списанието „Архив ЈАНЕВСКИ”.