петок 22 ноември, 2024
Почетна МУЗИКА Фестивали 38. Скопски Џез фестивал -Андреа Мирческа блесна како најдобра млада џезерка

38. Скопски Џез фестивал -Андреа Мирческа блесна како најдобра млада џезерка

Валентина Ѓоргиевска Парго Фото-  На Џез фестивалот, Андреа Мирческа блесна како најдобра млада џезерка – „Чарл Мингас ме поведе низ лавиринтите на џезот“- се нејзините зборови!
Андреа Мирческа, на 38. издание на Скопскиот џез фестивал ја освои престижната награда која се доделува трета година по ред, за Најдобар млад џез изведувач.
В. Ѓ – Парго– Годинава со звуците на Вашиот контрабас, беа пречекувани гостите кои прстигнуваа во МКЦ клуб ресторан, на почетниот настан на  славниот Скопски џез фестивал. Истовремено, Вам ви беше доделена престижната награда најдобар млад џез артист. Какво е чувството ќе може ли да ни го опишете?
-Тоа чувство едноставно не можам да го опишам со зборови. Бев возбудена, среќна и имав многу трема.
В.Ѓ. Парго – Да бидете дел од сиот тој џез, веќе е ваш животен правец. Кога тргнавте го таа насока и што ве поттикна?
-Самата музика, кога почнав да ја истражувам, пробуди чувство и допре до мене како ништо дотогаш.
В.Ѓ.Парго -Претставете ни се, што студирате, од каде потекнува вашата љубов и приврзаност кон овој правец на музиката?
Моментално студирам џез контрабас на факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф Кирил Туфекџиевски. Средно училиште  учев во ДМУ Битола, како музичар теоретичар. Таа љубов се појави со самото откривање на џез музиката и од тој момент расте се повеќе и повеќе љубовта кон неа.
В. Ѓ. Парго– Потекнуваш од Прилеп. Како се случи Вашиот прв допир со џезот? Има ли во градот доволно џез и дали е доволно за да го задоволи вашиот младешки џез апетит?
-Првиот допир со џез музиката ми беше преку интернет каде прв пат ја слушнав композицијата  “Moanin” од Чарлс Мингас. Од тој момент па до денес Чарлес Мингас ми е идол како композитор и контрабасис. Џезот го открив кога бев прва година средно во Битола. Средбата со таа музика не е поврзана со градот Прилеп , мојот роден град , бидејќи никогаш не бев “лично” запознаена со таа музика таму. Иако, има џез фестивал во Прилеп, кој се одржува секоја година, не бев информирана за тоа. Прв пат, слушнав во живо џез кога се запишав на факултет во Скопје.
В.Ѓ. Парго- Кога зборуваме за Ваши идоли, од џезот, кои би биле најгоре на листата?

-Станли Кларк. Конечно, ќе го слушам деновиве.  Да не ги заборавам ни омилените џез дела, албумот на Џон Колтрејн „Ј love supreme,“ како и „Wednesday Night Prayer Meeting“ од Чарлс Мингaс.

В.Ѓ. Парго- Кои се вашите блиски планови во музиката? 
– Моите планови во најскоро време се поврзани со мојата намера да соработувам со што е можно повеќе музичари од облста на џезот и заедно да правиме музика.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
.td-container, .tdc-row { width: 1095px }