Нордискиот трилер “Враќањето на Хана“ во кино Милениум

Психолошкиот трилер „Враќањето на Хана“ на германската режисерка Естер Бијалас од утре (17 октомври) се прикажува на репертоарот на киното „Милениум“ со почеток во терминот за европски филм од 15:00 часот. Станува збор за coming of age приказна или приказна за созревањето или влегувањето во зрелото доба. Не само што филмската екипа на филмот е предоминантно женска, туку и темата и актерската екипа. Младата актерка Валери Штол која ја игра улогата на Хана е позната од германската серија „Парфем“, додека една од улогите ја толкува Себастијан Хилк од популарната ТВ серија „Дарк“.  Филмот беше на репортоарот на 3Д кино Битола и продолжува да се прикажува Гостивар, Неготино и други градови низ републиката.

Хана само сака да биде нормална тинејџерка. Но, со мистериозното исчезнување на нејзината мајка во мочуриштето пред десет години и новата чудна девојка во селото работите стануваат сè поопасни секој ден. После три години во интернат, Хана (14) за празниците се враќа во своето родно село. Селаните веруваат дека нејзината мајка била вештерка, која привлекла тројца мажи во мочуриштето, каде што умреле. Бидејќи никој не сака да се дружи со ќерка на вештерка, Хана е пресреќна кога ќе се здружи со популарната Ева. Се чини дека најде другарка, но нешто не е како што треба. Се случуваат чудни несреќи и нема објаснување. Што е тоа што мами во сенката на мочуриштата?

Режија: Естер Бијалас

Сценарио: Лена Крумкамп
Продукција: Das Kind mit der goldenen Jacke Filmproduktion

Продуценти:  Матју Мифиле, Натан Нил, Андреа Шите

Кинематографер: Кристијане Бухман
Улоги: Валери Штол, Милена Чарнтке, Годехард Гизе

Застапник: АРРИ МЕДИА

Дистрибутер за Македонија: КТ Филм и Медиа

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.