Операта “Кавалерија Рустикана“ вечер во МОБ

Вечерва (15 октомври ), со почеток во 20.00ч Македонската опера и балет Ви ја најавува трагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата со изведбата на операта „Кавалерија Рустикана“.

Таа е опера на Пјетро Маскањи во режија на Џандоменико Вакари од Италија, сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Елена Дончева.

Настапуваат солистите: Весна Ѓиновска Илкова во улога на Сантуца, Ѓорѓи Цуцковски како Туриду, Борис Трајанов како Алфио, Николина Јаневска во улогата на Лола, Соња Пендовска Мадевска како Мајка Лучија, хорот и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Иван Еминовиќ.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.