Австралиските пожарникари секоја година ги покажуваат згодните тела додека позираат со животни за Годишен календар, а средствата ги донираат во хуманитарни цели.
На календарот за 2020-та година кои деновиве го објавија во јавност пожарникарите повторно ги расоблекоа телата и ја покажаа своја мажествена, но и нежна страна, покрај секакви видови животни, на која сигурно жените нема да останат рамнодушни.
На календарот на кој има од мали мачиња и кучиња, коњи, зајци,тигри, коали и други диви но убави животни – пожарникарите кои секојдневно спасуваат животи, ја истакнуваат и нивната хумана страна. Овојпат тие решиле средствата да ги донираат во помали хуманитарни организации во Австралија, кои се фокусирани на помагање на спасени животни и животни за терапија. Во секој случај убавина и хуманост на едно место.
Можете веднаш да погледнете вашиот месец кој пожарникар го одбележува и кое животно го одбрал. Сигурно нема да се разочарате.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.