За премиерната изведба на балетите „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“

Во рамки на одбележување на значајниот јубилеј, 70 години Професионален Балет во Македонија , оваа сезона Македонската опера и балет ја започна со моќна, уникатна и енергична балетска премиера на „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“  на 5-ти октомври (сабота).

Со долг аплауз и стоечки овации, публиката искрено ѝ го честиташе успехот на екипата од балетските премиери „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“.

Двете постановки се специјално подготвени за јубилејот „70 години балет“ и се во кореографија на Габор Кевехази од Унгарија, сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Марија Пупучевска.

Публиката имаше можност да го слушне прекрасното дело „Кармен“ на Жорж Бизе во моќната и несекојдневна оркестрација на Родион Шчедрин како и „Валпургиска ноќ“ на Шарл Гуно во изведба на оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Маестра Бисера Чадловска.

Репризата е закажана за вторник, 8.10.2019 од 20 часот. Под диригентската палка на Иван Еминовиќ , настапуваат балетски првенци, гости, солисти и балетскиот ансамбл на Македонската  опера и балет.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.