Изложбата „Тектонски пореметувања“ на македонскиот академски ликовенуметник Зоран Арсовски – Бабата, ќе биде отворена во галеријата на Културно – информативен центар на Македонија во Софија на 3 октомври(четврток) 2019 година, со почеток од 18:30 часот.
По успешното претставување на неговото најново творештво во три градови на Србија, Белград, Књажевац и Кучево, овој пат за публиката во бугарската престолнина Софија ќе бидат претставени шеесет дела од неговиот ликовен опус. Посетителите ќе имаат можност да ја видат оваа изложба до 28 октомври.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.