Прес за филмот „Од рајот „ на режисерот Срѓан Драгојевиќ -Три приказни испреплетени во 35 години низ духовита христијанска алегорија

На денешната прес-конференција посветена на успешно завршениот прв дел од снимањето на филмот „Од рајот“ на култниот режисер Срѓан Драгојевиќ, во копродукција со „Сектор филм“ од Скопје. На присутните медиуми и љубители на филмот им беа споделени информации за филмот  „Од рајот“ ,кој е духовита алегорија на христијанството и раскажува три приказни што се преплетуваат во период од 35 години.

Првиот дел од снимањето на филмот „Од рајот“, кој се работи по сценарио и во режија на Срѓан Драгојевиќ, е успешно завршен, а екипата што девет дена работеше на локации во Скопје заминува задоволна да го продолжи снимањето во Србија. Станува збор за филм што се снима во голема регионална копродукција а во која Агенцијата за филм на Република Македонија учествува со 12 проценти од вкупниот буџет на филмот. Продуцентската куќа „Сектор филм“ од Скопје, односно продуцентите Владимир Анастасов и Ангела Несторовска со режисерот Драгојевиќ, сценографката Јелена Сопиќ, главните актери Ксенија Маринковиќ и Горан Новојец, сценографката Јелена Сопиќ и српската продуцентка Биљана Првановиќ на денешната прес-конференција што се одржа во хотелот „NEXT DOOR PARK HOTEL“ зборуваа за своето искуство од снимањето кај нас и открија детали за приказната на „Од рајот“.

Продуцентот Анастасов, кому ова му е втора соработка со Драгојевиќ по филмот „Парада“, кој ја освои наградата од публиката во програмата Панорама на Берлинскиот филмски фестивал,вели дека му е особено драго што овој прилично комплексен филм, и во продукциска и во креативна смисла, почна со снимање во нашата земја.

Драгојевиќ вели дека е многу среќен што повторно снимал во Македонија а поготово во Скопје, за кое вели дека дури размислува да се пресели во неговото омилено Дебар Маало.

За филмот ‘Од рајот’, мојата сестра, која е монахиња, вели дека филмот е христијанска комедија. Сепак, повеќе би го нарекол алегорија на христијанството. Иако се темели на мотиви од прозата на мојот омилен француски писател Марсел Еме, во која има многу фантастика, во филмот доминира реализмот и околностите на приказните се сосема поинакви. Ако земеме предвид дека по комунизмот и по полвековиот атеизам сите се вративме кон христијаството, сепак, имам впечаток дека уште учиме од грешките. Приказната не е лоцирана на точно место и таа би можела да се случува во која било транзициска земја во Југоисточна Европа. Три приказни се преплетуваат во период од 35 години, поточно во 1993, 2011 и во футуристичка 2026 година“, рече Драгојевиќ.

 „Од рајот“ продолжува уште пет недели да се снима во Србија па во Германија.  Појавата на ЧУДА е одговор на колективната свест за промените кои ја принудуваат целата заедница да го гледа светот околу себе наопаку, со други очи, вели како кратка порака за филмот режисерот Драгојевиќ.

Филмот се очекува да биде готов некаде во месец мај 20120-тата година.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.