Mакеднскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија” овој викенд на три фестивали низ светот освои седум награди. По само седум месеци фестивалска турнеја „Петрунија“ досега освои 21 награди.
На Филмскиот фестивал во Мароко филмот освои три награди и тоа: главната награда, доделена од УНЕСКО, која ја дели со грчкиот филм „Нејзината работа“ на Никос Лабот, специјалната награда од жирито за режија, за режисерката Теона Стругар Митевска, како и наградата за најдобар актер за Зорица Нушева.
Филмот освои две награди и на Интернационалниот фестивал на филмска режија во Србија и тоа повторно главната награда за најдобра режија, како и награда за најдобра актерка на одличниот тандем Стругар-Митевска/Нушева.
На Филмскиот фестивал во Порторож, Словенија, „Петрунија“ ја освои наградата „Златна Весна“ за најдобар филм за малцински копродукции, како и наградата од Здружението на уметнички кина на Словенија.
Филмот оваа есен ќе биде дел од редовниот кино репертоар во големите пазари на Италија, Германија, Шпанија, Полска и Грција.
Браво за тимот на македонскиот филм “Господ постои името и е Петрунија“, кој заедно со македонскиот филм “Медена земја „ цела година ги добиваат најпрестижните светски награди во светот на филмот и се наша гордост.