Академскиот уметник Зоран Арсовски – Бабата, вечерва во културниот град Кучево во “Галеријата за современи уметности” во Центар за култура “Вељко Дугошевиќ”, во 19.00 часот ќе ја отвори својата трета изложба во Србија, откако ги реализираше своите самостојни изложби : првата во престижната “Галерија – Белградска тврдина на Калемегдан” во Белград со наслов “Тектонски пореметувања”, која наиде на одличен прием и оргомна посетеност и втората изложба во Домот на културата во Књажевац.
За сите овие проекти Арсовски конкурираше самостојно и индивидуално на годишниот конкурс за 2019 година јавно објавен од нивна страна и беше избран од стручното уметничко жири да биде дел од годишната програма на овие Национални Установи.
Со оваа изложба Зоран ќе ја заокружи десетата самостојна изложба и своето претставување во Србија а наредната 11-та ќе го добие своето финално меѓународно презентирање за 2019 година на 3-ти Октомври во Бугарија во градот Софија.
Зоран Арсовски – Бабата е роден 1980 година во Куманово Република Македонија. Дипломирал 2005 год. и Магистрирал 2007 год. на Националната Ликовна Академија во Софија насока Сликарство, во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Член е на Друштвото на Ликовни Уметници на Македонија (ДЛУМ). Оваа изложба ќе му биде девето самостојно претставување пред пошироката јавност. Има учествувано на повеќе групни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти, симпозиуми во земјава и странство. Работи во Национална Установа Центар за култура “Трајко Прокопиев”- Куманово, стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн. Работно искуство од областа на штафелајско сликарство во познатите и негови нови сликарски техники, изработува фреско живописи, икони, сценографии и дизајн.
Изложбата пошироката јавност ќе може да ја посети изложбата и да ужива во уметничките дела во следните две недели.