Вечерва во Њујорк ќе биде претставен Мултимедијалниот проект „1/2 Состојба“

Уметницата Михаела Јовановска во соработка со видеоавторката Вероника Камчевска утре од 18 часот во „Gallery MC“ во Њујорк ќе го претстави мултимедијалниот проект „1/2 Состојба“ .

½ Состојба“ е проект поврзан со истражување на тема родовата нееднаквост и нејзините релации. Концептот објаснува емоција која се стреми кон нејзината форма да стане целина. Ова го прикажува надворешното влијание за нееднаквост што го моделира битието како крајно отсутно во идејата да се биде човек.

Михела Јовановска работи во Националната галерија како соработник за визуелни уметности и дизајн. Таа е мултимедијален уметник со главен фокус на уметничка инсталација. Нејзините дела се изложувани на повеќе групни и пет самостојни изложби, локално и меѓународно, вклучувајќи ги и „Gallery MC“ – Њујорк, Прима центар – Берлин, КИЦ – Софија, Галерија „Лауба“ – Загреб, „Миодраг Дадо Џуриќ“ – Цетиње, Мала станица, НГ – Скопје, Биенале на млади, МСУ – Скопје.

Претставувањето во Њујорк е поддржано од Министерството за култура а за посетителите ќе биде достапно за посета до 30 септември.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.