Неделен хумор и сатира

    Порталот куларт.мк, во својата содржина секоја недела ќе ви овозможува да прочитате  хумор и сатира, и  се надеваме дека со тек на време, неделните утра ќе ги започнувате со нас.

    А како што е редот од некаде треба да почнеме. Ние почнуваме со неколку хумористични мисли од Магазинот за хумор и забава „Без навреда“   и новинарот Панде Димитровски.

    Шизик

    Некој шизик, прави муабет со матичар:

    -Слушај,можеш ли да ме венчаш во среда ?

    -Зошто во среда човеку…сите сакаат сабота или недела?

    -Знам, знам, само не сакав да си го расипам викендот !!

     

    Прељуба

    Многу побожен човек дошол во црква да се исповеда.

    -Попе, дојдов да се исповедам, извришив прељуба?

    -Колку пати?

    -Попе,ј ас дојдов да се исповедам, не да се фалам!

     

    Точка

    Ѕвездите прават приватна забава во еден нов Диско клуб.

    Му приоѓа на вратарот една точка, ама тој не ја пушта да влезе.Точката го прашува?

    -Зошто не ме пушташ внатре?

    -Ова е забава за ѕвезди а ти си точка, и рекол.

    -Ама јас не сум точка! Ѕвездичка сум ама                                                                     ставив гел!

     

     

    куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.