Изадора Данкан ( Isadora Duncan; 26 мај 1877 – 14 септември 1927) била американска танчарка. Родена како Ангела Изадора Данкан во Сан Франциско ,Калифорнија . Многумина ја сметале за мајка на модерниот танц. Иако популарна само во Њујорк, САД, подоцна во нејзиниот живот настапувала и низ Европа.
Данкан е најмладото од четирите деца на Џозеф Чарлс Данкан – банкар и Мери Дора Греј, најмладата ќерка на Томас Греј- сенатор на Калифорнија. Во раните години, Данкан одела на училиште, но откако сфатила дека ù ја нарушува индивидуалноста, се откажала. Бидејќи фамилијата ѝ била многу сиромашна, заедно со сестра ù давале часови по танц на локалните дечиња, со цел да заработат некој денар.
Во 1895год. станала дел од театарската компанија Аугустин Дејли во Њу Јорк, но наскоро се разочарала од формата. Во 1899 г.одлучува да се пресели во Европа, пред сè во Лондон, а по една година во Париз. Во период од две години, успеала да се здобие и со озогласеност и со успех.
Во 1916 г. Данкан патувала во Бразил и во август настапувала во Teatro Municipal во Рио де Жанеиро а потоа во Teatro Municipal во Сао Паоло.
Низ нејзината кариера, Данкан не ги сакала комерцијалните аспекти на јавниот настап, во однос на тури, договори и други практикалии како отргнувачи од нејзината вистинска мисија: создавање убавина и образование на младите. Надарен, неконвенционален педагог , таа била основачот на три училишта, посветена да ја всади нејзината филозофија врз групи од млади девојчиња (краткиот напор да вклучи и момчиња бил неуспешен). Првото училиште, во Груналд, Германија ја истакнало нејзината најпозната група на ученици, наречена „Изадорабли“ (Isadorables) по нејзиното име, кои подоцна настапувале и со Данкан но и самостојно. Второто постоело многу кратко поради Првата светска војна , во еден замок надвор од Париз, додека пак третото било дел од нејзините бурни искуства во Москва при будењето на Руската револуција.
Нејзината наклонетост кон марами кои се веат била причината за нејзината смрт во една налудничава автомобилска несреќа во Ница, Франција, вечерта на 14-ти септември 1927г. на возраст од 50. Марамата била рачно насликана од уметникот кој е роден како Русин, Роман Чатов.
Случајност или Универзумска порака на истот ден 14 септември 1982 година, во Монако во сообраќајна несреќа почина Принцезата од Монако Грејс Кели.