И месец септември некако се измолкнува ден за ден. Летото е пред крајот, иако со високите температури, како да не сака да си замине а есента веќе нестрпливо чека на прагот. Како годишните времиња, така и ѕвездите ја менуваат својата положба, позиција или опозиција по некоја коњукција и даваат, кај некого поголеми кај некого помали промени. Сите посакуваме промените да се на добро но, не оди секогаш така, иако Универзумот секогаш потсетува дека лошите промени и настани се за некоја наша нанаучена или недоучена лекција да поднаучиме или да ја повториме.
И се чини дека септември ќе не раздвижи од 14-от ден кога :
14 септември- Настапува полна месечина во риби
14 септември- Меркур влегува во вага
14 септември- Венера влегува во вага
18 септември- Сатурн преминува во директно движење во јарец
23 септември- Сонцето влегува во вага
28 септември- Настапува млада месечина во вага
Време е за ред, организираност и смиреност! Планетите транзитираат низ девица, што значи дека е време да ставиме крај на хаосот, импулсивноста и препуштањето на случајноста, но и да се насочиме кон планирање и фокусирање на деталите. Секоја ситница е важна ако во септември посакувате успеси. Но, не брзајте во ништо, што и да правите!
Дозволете ѝ на вашата интуиција да се појави на 14 септември, кога ќе настапи полна месечина.
На љубовен план, ќе ве радува на повеќето знаци хармонија и складност. Сонцето, Меркур и Венера ќе се погрижат да имате романтични мигови и многу љубов во воздухот.
Во последната седмица од септември ќе треба да се посветите на најблиските личности. Секоја силна врска е важна па затоа негувајте и чувајте ги !
Напомена: Девиците и Вагите најсилно ќе го почувствуваат позитивното влијание од планетите.
Совет: Застанете смирено, послушајте го вашето срце и ум и препознајте го шепотот на ѕвездите !