Познати наградите на 51. издание од Светската галерија на карикатури „Остен“

„Остен“ соопшти дека на, 51. Светска галерија на карикатури – Скопје 2019 се пријавиле 231 карикатурист од 58 земји со 635 карикатури а воедно ги соопшти и наградените. Карикатуристот Мојмир Михатов од Хрватска ја доби Гран-при наградата на 51. Светска галерија на карикатури – Скопје 2019, првата награда му е доделена на Шахрох Хејдари од Франција, а втората на Лук Дешимакер од Белгија.

Доделени се пет трети награди – Хуле Ханушиќ од Австрија, Константин Казанчев од Украина, Милета Милорадовиќ од Србија, Шаман Тораби од Иран и Фуркат Усманов од Узбекистан.

Јордан Поп-Илиев ја доби наградата „Цицо“ за македонски карикатурист, а посебни награди добиваат: Олег Драгачов од Канада, Ратко Маричиќ од Хрватска, Петар Нивендијк од Холандија , Анатолиј Станкулов од Бугарија и Павел Станчик од Полска.

Изложбата на делата од селектираните автори и доделувањето на наградите на 51. Светска галерија на карикатури – Скопје 2019 и на следната 52. Светска галерија на карикатури – Скопје 2020 ќе се одржи во септември 2020 година, на централна прослава по повод 75 години „Остен“ (1945 – 2020).

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.