На 10. „Македокс“ се доделени награди во пет категории, и тоа: „Кромид“ за најдобар филм во Главната програма, „Млад кромид“ за најдобар филм од нов автор, „Сечкан кромид“ за најдобар краток филм, „Кокарче“ за најдобар филм од Студентската програма и Наградата за филм со најдобри етички идеи. За наградите одлучуваат пет комисии составени од 15 еминентни странски и домашни автори.
Наградата „Кромид“ – за најдобар филм во главната програма, жирито во состав: Ен Жоржете, Инеке Смитс, Виктор Еде ја додели на филмот „Соло“ (Чешка, Франција, Аргентина,Австрија/ 2019/ 84мин. ) – Артемио Бенки
Овој филм, кој е предводен од еден лик, успева да пренесе повеќеслоен свет на филмското платно. Преку необичниот пристап и хипнотизирачкиот стил, филмскиот творец ни ги открива маките на протагонистот. „Соло“ е смел и интимен портрет на еден надарен музичар кој се обидува да воведе ред во својот живот и претставува чувствителна филмска приказна за луѓето кои ги обележуваме како „луди“.
Специјално признание во оваа категорија доби документарецот „Град на мртовци“ (Шпанија/ 2019/ 55 мин.) на режисерот Мигел Ек. Филмот ги прикажува различните лица на смртта преку една група обични луѓе. Внимателно конструираната приказна и прецизната кинематографија на филмот умешно нуди едно алтернативно гледиште на т.н. „херој на мисија“ – наратив што е присутен во многу современи документарци.
Наградата „Млад кромид“ – за најдобар филм на нов автор, жирито во состав: Винсент Дјутр, Виола Штефан, Ѓорче Ставрески го додели на „Медена земја“ (Македонија/ 2019/ 85 мин.) – Љубомир Стефанов, Тамара Котевска
Поради убавината и силата на сликите, срдечноста при набљудувањето на непознатата и сурова реалност и поезијата во визуелниот пристап, решивме да ја доделиме наградата на восхитувачкиот филм „Медена земја“ на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска.
„Боговите на Моленбек“ (Финска, Белгија, Германија/ 2019/ 73 мин.) – Рета Хухтанен
Награда „Сечкан кромид“ – за најдобар краток филм, жирито во состав Ондреј Каменицки, Мартин Иванов, Анка Паунеску ја додели на „Нашата песна за војната“ (Белгија, Колумбија/ 2018/ 15 мин.) – Хуаните Родригез Онзага – неповторливо филмско искуство во кое животот и смртта се среќаваат во еден волшебен миг на помирување.
Награда „Кокарче“ – за најдобар студентски филм жири комисијата во состав. Јасмин Башиќ, Мартина Валентина Баумгартнер, Илеана Станкулеску ја додели на филмот „Ѕверот – воз со непознати“ (Германија/ 2019/ 24 мин.) – Мануел Инакер.Филмот не е уште еден обичен филм за миграција. Ова е силен филмски указ што прикажува длабока општествена и политичка посветеност со искрена почит кон протагонистите – млади луѓе со голема надеж.
Специјално признание за филм од студентската програма доби „Слушај, брат!“ (Русија/ 2018/ 72 мин.) на Александар Елкан. Формата на овој филм восхитувачки ја отелотворува содржината на приказната.
Наградата за филм со најдобри етички идеи, жири комисијата составена од Виван Сторлунд, Ристо Солунчев, Џон Периш,му ја додели на филмот „Боговите на Моленбек“ (Финска, Белгија, Германија/ 2019/ 73 мин.) – Рета Хухтанен. Во филмот „Боговите на Моленбек“, децата никогаш не се безобѕирно следени или набљудувани од камерата. Сѐ е снимено од нивното лично гледиште – технички преку задржување на камерата на нивото на очите на децата и емоционално преку нивелирање на приоритетите на самите деца во филмот. Младите протагонисти од различно културно милје можеа слободно да си играат и да се тркалаат додека, во исто време, меѓусебно си ги истражуваа филозофиите и верувањата без предрасуди.
Така заврши 10-тото издание на Филмскиот фестивал МАКЕДОКС 2019, со многу разновидна и квалитетна програма.