Нова книга од Стефан Марковски – “Потенцијалите на жанрот крими-драма преку сценариото за игран филм Се викам Слобода“

Делото е магистерски труд на авторот одбранет на Катедрата за филмско и ТВ сценарио при Факултетот за драмски уметности – Скопје и се состои од 2 сегменти: анализа на техники, развој на карактери и приказна за сценарио во контекст на жанрот крими-драма во современиот македонски и западен филм и самото сценарио за долгометражен игран филм „Се викам Слобода”.

Во рецензијата кон ова сценарио и теоретска разработка надополнета од препорака за филмска продукција се наведува:

„Преку оваа приказна се разработуваат акутни општествени состојби на нашето совремие, но најважно е тоа што самото сценарио како предлошка за игран филм создава една нова, за себеси, уметничка реалност. Во сценариото „Се викам Слобода” авторот прво го дефинира екстровертниот живот и колективниот дух на младите, урбани граѓани. Во тој квантум на бигори, соништа и недостаток на слобода, но, и преку специфична постапка својствена на неговиот авторски, зрел писателски јазик, тој го прецизира својот индивидуален однос кон животот и времето, актуелните теми и третманот на средината кон оние што се како нас, ама не се исти.”

Од анализите во овој труд произлегува дека доминантен облик на драма, како од аспект на вкупна продукција, така и од аспект на прифатеност кај публиката, во досегашната македонска кинематографија е историската драма, додека хибридниот жанр крими-драма, како и самата филмска естетика на обратното, за разлика од она што е случај со светските тенденции, кај нас се едни од најслабо прифатените.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.