Од 15 август до 22 август ќе се одржи 30-та интернационална Ликовна колонија Галичник. На неа ќе земат учество 11-мина уметници од повеќе земји и тоа: Симоне Хујамнс и Мари ван Воленхофен – Холандија, Селма Џулизаревиќ и Бранимир Карановиќ – Србија, Софија Грегоријаду – Грција, Улф Лундин – Шведска, Даниел Дресел – Германија, Лин Куасаи – Англија, Хелидон Ѓерѓи – Албанија, САД и Зорица Зафировска и Атанас Атанасоски од Македонија. Сите учесници се современи визуелни уметници кои се занимаваат со транс и мултимедијална уметност.
Ликовната колонија Галичник, која ја основа Нове Франговски (1939-2017), отсекогаш била посебна визуелна манифестација во нашата држава чија причина за постоење е да се воведе еден специфичен квалитативен сензибилитет во заедничко работење на група интернационални и домашни автори.Секогаш главен предизвик бил изборот на квалитетни светски автори кои ќе донесат квалитетна уметност.
Во знак на јубилејот, Ликовната колонија Галичник, подготвува неколку активности. За времетраењето на колонијата ќе се одржат две јавни презентации на кои уметниците ќе се претстават пред локалната јавност . Работилниците ќе бидат на 16 и 17 август,од 19.00 часот, во општинската галерија среде Галичник, а во недела, 18 август, во 11.00 часот ќе биде организирана работилница за најмладата публика.
На овој начин учесници.и ќе можат да комуницираат и да се социјализираат со локалното население, доближувајќи се до нив, на некој начин отклонувајќи ги границите на „неразбирливоста и апстрактноста“ на современата уметност и новите медиуми во уметноста.