На 15 август 1769 година е роден Наполеон во Ајачо, на островот Корзика и e крстен како Наполеонe ди Бонапарте (во Франција неговото име станало Наполеон Бонапарт). Тој е второто дете (од осумте деца) на Карло (Шарл) Бонапарт и Летиција Рамолино Бонапарт, и двајцата од повисоката корзиканско-италијанска класа. Наполеон никогаш не бил професионален војник. Карло бил адвокат кој се борел за корзиканската независност, но откако Французите го освоиле островот во 1768 , тој служел како обвинител и судија, и влегол во француската аристократија како гроф. За време на влијанието на татко му, Наполеон се школувал на трошок на кралот Луј XVI, во Брине и Военото училиште, во Париз. Наполеон матурирал во 1785 на возраст од 16 години, и се приклучил на артилеријата како втор наредник.
Пред започнувањето на Револуцијата , тој станал поручник (1791) во Корзиканската национална гарда. Во 1793, Корзика се декларирала како независна, а Бонапарт, француски патриот и републиканец, побегнал во Франција со своето семејство. Тој бил унапреден во капетан, за опседнувањето на армијата на Тулун, врз основа на тоа морнарицата, потпомогната од Британската флота. Заменувајќи го повредениот генерал на артилеријата, тој со голема војска ја истерал Британската флота од пристаништето, а Тулун паднал. Како резултат, Бонапарт бил промовиран како бригаден генерал на возраст од 25 години. Во 1795, тој ја зачувал револуционерната управа со разделување на бунтовничките толпи во Париз. Во 1796 тој се оженил со Жпзефина де Боарне, вдовица на аристократ, кој бил гилотиниран во Револуцијата, и мајка на две деца. Умрел на 5 мај 1821 година ,прогонет на островот света Елена.
Томас Алва Едисон (11февруари1847-18октомври1931) бил американски техничар и пронаоѓач. Негови најзначајни пронајдоци се: фонографот(грамофонот), микрофонот, акулулаторот, електрична светилка, го усовршил телефонот, меѓу првите изградил електрична централа, прв ја применил филмската лента од лелулоид и изградил прво филмско атеље во светот.Неговиот прв филм се викал „Мери имаше јагненеце“.
Како награда за спасување на синот на шефот на железничката станица, 12–годишниот Едисон добил можност да ракува со телеграф. Неколку години работел како телеграфски оператор насекаде низ САД. Успеал да заштеди доволно за да почне свој бизнис. Во сопствената работилница го покажал сиот пронаоѓачки талент. Кон крајот на животот произвел звучни филмови.