ДЕВЕТ знаци кои покажуваат дека вашето куче ве сака

Лугето ја доживуваат прегратката како знак на наклонетост, но многу од кучињата не го сакаат тоа. Гушкањето на кучињата може кај некои од нив да предизвика само непријатност и знак на доминација. Сепак, тоа сигурно не значи дека вашето куче не ве обожава. Некои од начините на кои кучињата ја покажуваат својата љубов кон нас се очигледни, додека други се посуптилни. Еве 9 знаци дека вашето куче е лудо за вас:

Мрдање со веѓите и ушите

Кучињата се изразуваат преку говорот на телото, мафтање со опашката, препелкање, истегнување како и преку звучни знаци како што се `ржење, лаење и квичење. Ова се очигледни знаци кои покажуваат како се чувствува кучето. Изразот на лицето исто така може да ни ги покаже чувствата на кучето. Сепак, повеќето кучиња немаат видливи веѓи, па затоа може да биде потешко да го забележиме нивното движење. Еден од суптилните начини како вашето куче ја покажува својата љубов е со кревање на веѓите (првенствено левата) и  поместување на левото уво наназад. Очите може да бидат “прозорец на душата”, како што велат, но веѓите на вашето куче укажуваат на неговата љубов кон вас.

Потпирање на вас

Вашето милениче може да се потпре на вас бидејќи се чувствува вознемирено, сака нешто, сака да се гали или бара некоја дополнителна удобност или сигурност. Без оглед на причината, потпирајќи се на вас вашето куче се чувствува безбедно и сигурно, а тоа е уште еден начин да ја покаже својата љубов.

Се проѕева со вас

Знаеме дека проѕевањето е заразно, но тоа не е ограничено само на луѓето. Имаме тенденција да покажеме емпатија со зевање кога некој околу нас се проѕва. И покрај тоа што проѕевањето не е начин да се измери дали кучињата се способни да покажат емпатија, научниците сугерираат дека е можно тие да покажат сочувство со зевање кога личноста што ја сакаат зева.

Сака да се гали по јадење

Подготвувањето на омилениот оброк на вашето куче сигурно ќе го натера да дотрча до чинијата за јадење, но тоа што се случува одкако ќе ја изеде храната може да биде суптилен знак на неговата љубов. Храната има голем приоритет кај нашите пријатели кучиња, и е една од најважните работи во неговиот живот. Но по завршувањето на оброкот, тој го свртува вниманието кон следната најважна работа – кон некој што го чувствува за близок. Со полн стомак, вашето куче сака да ви покаже љубов преку галење. Иако вашето куче има многу места каде што може да си дремне, сепак тоа сака да се прилепи до вас. Уште еден суптилен начин на покажување љубов на вашето куче е со поставување на нивната глава или шепа на вашето колено или нога додека спие.

Директен контак со очи

Директниот контакт со очи, со куче со кое што не сте поврзани многу пати го сметаме како предизвик, но вашиот крзнен најдобар пријател го гледа тоа поинаку. Кога вашиот миленик ве гледа директно во очи со тоа ви покажува колку сте важни за него. Трансферот на окситоцин-хормонот на љубовта, се случува кога ќе одвоите еден момент и ќе се задлабочите во очите на вашето куче, а тоа ќе направи и двајцата да се чувствувате пријатно и исто така ќе ја зајакне вашата врска.

Останува мирно кога ќе заминете

Доколку вашето кучео стане мирно кога ќе ја напуштите куќата, тоа е суптилен знак дека тоа ве сака, затоа што ја имате добиено неговата доверба и е уверено дека ќе се вратите.

Возбуден е кога ќе се вратите

Една од радостите на враќањето дома е возбудливиот пречек на вашето куче. Неговото однесување е како да ве немало со денови и затоа скока од радост, мафта со опашката (особено на десно) и танцува наоколу. Тоа е знак дека ве сака и е среќен/а што сте се вратиле безбедни.

 

Кога ќе ви се насмевне

Кога вашето куче ќе го слушне вашиот глас и ќе ве поздрави со отворена уста и опуштен израз, тоа е знак дека е среќен/а што ве гледа. Истражувањата покажале дека кучињата кога ќе ја намирисаат личноста што ја сакаат имаат иста реакција во мозокот како и кај човекот кога ќе здогледа некој многу драг.

Кога ја краде вашата облека

Кога ќе се вратите дома и ќе ги најдете вашите омилени маици, пешкири, чевли или друга облека расфрлани низ собата, тоа е знак за љубовта на вашето куче. Тоаги “краде вашите работи” затоа што го чувствува вашиот мирис на нив и тоа го прави да се чувствува безбедно, удобно и сигурно.

Неможете да му наредите на куче да ви даде почит, лојалност или доверба. Тие мора да се заслужат, и се основни елементи за силна, нераскинлива врска – што е краен знак на љубовта.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.