Уредник на рубриката: Филип Димкоски
Милош Галетин е роден во 1976 година во Банат. Живее во Нови Бечеј. Дипломирал на катедрата за Српски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Предава српски јазик. Автор е на пет поетски збирки: „Морнар“ (2000), „Делфин, горчливи стихови и лирика“(2005), „Јаболкото гори“ (2011), „За тебе“( 2014), „Брод во сеќавање“(2016). Според стиховите на Милош Галетин снимени се три албуми: „За нает на се“ од групата Складиште (компонирани од Срѓан Боиќ), „Како да непа птици“ од групата Североисток (композитори: Стеван Д. Јовановиќ и Ника Душанов) и „Јаболка, птици и тамбури“ со табурашкиот ансабл Зоруле и истакнати музичари на други инструменти (композитор: Немања Нешиќ).
Милош Галетин во 1999 година прогласен е за најдобар поет на фестивалот за југословенската поезија на младите во Врбас, Р. Србија.
Една негова песна е дел од антологијата на светска поезија „Песни за тебе, љубов“ (приредил: Благоје Баковиќ).
Во 2015 гостувал во емисијата Антологија на поети на Радио Белград и така, неговите стихови во тонски запис остануваат зачувани во оваа културна институција.
Неговите песни ги интепретираат глумецот Жарко Степанов од Театрот Теразије и радио воидтелот и поет Никола Раусављевиќ.
Во 2018 година од печат излегува Антологијата на современа српска поезија приредена од Андреа Беата Бицок, во која Галетин е застапен со три песни.
Ви претсвауаме три песни од најновата поетска збирка на Милош Галетин, насловена „Едро за школка“ објавена во 2018 година.
НЕ ГО БУДИ МОРЕТО
На Мирослав Алексиќ
Не го буди мрето,
ако не пловиш.
Брановите тогаш,
полни со ѕвезди од сол
тажни
ќе љубат стена
и брегот
во болката своја
ќе ги кине
венците што се пенат.
Само бура,
ќе видиш.
Затоа
не го буди морето,
ако не пловиш…
Не го буди морето,
ако не пловиш.
ЕДРО ЗА ШКОЛКА
Не ти го знам ни името
ни која си…
И не знам
Зошто
Тој ден
видов како
во твоите коси
Сонцето
На дар
Класја
Носи….
И нови птици,
и ново море…
И ново едро
за школка
што како солза
на дланка падна….
што како солза,
на дланка падна…
НЕДОВРШЕН СПИСОК НА УБАВИНИ
Деца на игралиште
зајдисонце над водата
девојка со книга
радоста на кучето (кога ќе се вратиш)
пејзажите на Шумановиќ
вишновите светови
чапја на чамец
двајца вљубени каде и да се
небо
јато во небото
игра на делфинот
во срцето.
Избор и препев од српски на македонски: Филип Димкоски