Од брзата мода до памукот, листата на начини преку кои ја конзумираме модата и како таа има ефект на средината во која живееме и на другите живи суштества е многу долга. Но дали има надеж? Освен намалувањето на купување на куп непотребна облека, рецеклирањето и поправањето, дали можеме да најдеме облека и материјали кои се во дослух со природата и придонесуваат за одржлив развој на планетата земја и на сите живи суштеста, луѓето, животинскиот и растителниот свет. И ако навистина морате да купите нова облека,кои матријали треба да ги побарате за позитивно да допринесете за заштита на животната средина?
Еве шест материјали и иновации кои можат да помогнат за одржлив начин на живот.
- Кожа изработена од остатоци од растенија и овошки започнува да привлекува внимание во модната индустрија и пошироко. Пинатекс (Piñatex) е материјал изработен од листовите на ананасот кој расте на Филипините. Производството на кожата од ананас е многу поодржлива во споредба со традиционалната кожа, а воедно во нејзиниот состав нема никакво животинско влијание. При процесот на изработка потребно е многу помалку вода и не се употребуваат никакви хемикалии кои можат да и наштетат на природата и на животинскиот свет. Листовите кои остануваат и во принцип се користат за отпад сега се употребуваат за ѓубриво или биомаса. Во моментов овој вид на ананасова кожа се употребува вопрвиот вегански хотел во Лондон како тапацир во внатрешното уредување.
2. Иако не сите фарми за волна ги имаат потребните стандарди за благосостојба, и многу организации како на пример ПЕТА тврдат дека не е етички, сепак волната е одржлив материјал: обновлив, издржлив и биоразградлив. Дополнително некои фармери произведуваат волна користејќи техники кои го изолираат јаглеродот од атмосферата за да го намалат отпечатокот кој го оставаат на животната средина. Квалитетот на волната е во тоа што е и отпорна на пламен и водоотпорна, што значи дека е долготрајна со што ја намалува потребата за брза замена со нови парчиња облека.
3. Биомимикријата бара инспирација во растителниот и животинскиот свет за развој во многу полиња како што се инжињерството, архитектурата и медицината. Сега производителите на текстил и модните дизајнери изнаоѓаат начини како да инкорпорираат или копираат природните процеси во нивната работа. На процесите во природата најчесто им е потребно многу помалку енергија за да достигнат резултати , на пример во природата има само пет полимери или долги синџири на молекули додека во комерцијалниот свет имаме создадено тристотини и педесет. Научниците од државниот универзитет во Пенсилванија откриле дека еден протеин кој се наоѓа во лигњите може да биде конструиран во лабараторија за да се зголеми неговата употреба. На пример, обложувајќи на материјал со овој протеин го прави самиот матријал многу поиздржлив. Протеинот исто така има самозаздравувачки способности. Може да се користи за создавање на облековни елементи кои се рециклирачки, биоразградливи и потрајни.
4. Производството на памук бара интензивна употреба на пестициди и хемикалии како многу литри вода за да се произведе памук за само едно произведено парче. Но за среќа има поодржливи начини на производство на материјали, кое го зема во предвид и влијанието кои го врши врз животната средина и она што го остава зад себе. Иницијативата за подобар памук (The Better Cotton Initiative) ги подржува фармерите низ целиот свет за одговорно користење и грижа за водата, здравјето и квалитетот на земјата и природните живеалишта со некои спецификации. Со ова покриваат 12.5 проценти од светскиот пазар на памукот. Друг начин како да го дознаете влијанието кое го извршила вашата нова маичка е при купувањето на истата да погледнета дали продавниците го имаат сертификатот за GOTS (Global Organic Textile Standard). Овој сертификат значи дека во производниот процес не се употребувани отровни ѓубрива кои се штетни за животната средина и секако за оние кои ја произведуваат облеката.
5. Ленот и изработен од влакната од растението лен. Неговата употреба се наоѓа уште од старите Еѓипќани заради својата издржливост и можноста да ја задржи температурата на телото пријатна и да ја апсорбира водата. Во моментов, кога се расте во географски погодна локација, како што е Европа, нема потреба од пестициди и ѓубрива, потребата за вода е многу помала отколку кај памукот а исто така растението на лен е добро за здравјето на почвата. Самите ленени матријали многу побрзо се сушат во споредба со останатите и се многу издржливи затоа можат да се употребуваат многу години.
6. Се поголема е свеста дека кога переме облека која е вештачки произведена од човекот во водата се ослободуваат микровлакна кои одат во одводот. Знаејки дека овие влакна се штетни за останатите видови, желбата да се пронајдат нови природни материјали е на највисоко ниво. Еден таков материјал е Лиоцел. Суровиот материјал е целулоза од пулпата на дрвјата. Произведен е под името Tencel од една Австриска фирма. Влакната на самиот материјал се биоразградливи а процесот на производство има многу мало влијание врз животната средина, отпадната вода од процесот на производство се рециклира и никакви токсични хемикалии не се употребуваат.
Конопот е уште еден природен материјал со мало влијание врз околината а свесните дизајнери исто така употребуваат и бамбус, плута па дурии морска трева за да произведат етичка и веганска облека.
Пишува моден дизајнер-Елена Максимовска