8 август – Ден кога се слави и чевствува св. Петка Преподобна Римска

Како еден од следбениците на учениците на Исус, кој се распослале по земјите да го шират Христијансвото, во групата која ги пренесувала вербата и љубовта кон Бога и учениците на св.Павле во Рим била и св. Петка Преподобна, која живеела во раниот трет век во Рим. Потекнувала од угледно семејство но, љубовта кон Христа и неговото учење го ставила како нејзин животен патоказ.

Неколку пати била пријавувана, затварана и мачена од страна на Римските власти, и по молбите на нејзиниот татко да не ја погубуваат ја протерале од Рим и таа почнала да талка наоколу. Но, се случило еден од војниците на римската војска да се заљуби во неа и ја побарал за жена. Параскева била упорна во нејзината определба и кога го прашала зошто ја одбрал неа тој и одговорил „Заради очите“. Таа ноќта по долгите молитви, преданијата велат дека ги извадила очите и му ги пратила на послужавник велејќи “Очите ги сакаш? Еве ги, ама мене нема да ме имаш“.

Не многу после тоа била погубена со отсекување на главата. Но, она што е важно дека ноќта Исус „и насадил други очи“ наградувајќи ја за вербата и љубовта кон него.

Затоа оваа св. Петка преподобна Параскева секогаш на иконите и иконостасите е насликана со чинија со очи, иако многу малку го знаат вистинското значење на тоа.

Инаку, покрај оваа ,православниот народ слави уште две св Петки. Едната е Преподобна Мајка Параскева св.Петка или Византиска св. Петка од 10-ти ек ридена во Епиват, тогашна Византија, која многу ја слави нашиот народ на 27 октомври и третата која е помалку позната а се слави на 14 ноември за која не се знае точното место на раѓање. Бројни се Храмовите посветени на овие светителки а има еден Св. Петка во Велес кој е посветен на трите св.Петки. Инаку секаде каде што има храм има и вода, која се смета дека е лековита затоа што сите св. Петки биле живи светици (за живот останале свети) и скоро во сите има народни кујни, затоа што оваа светица е позната по својата дарежливст и грижа кон сиромасите.

За многу години и на помош нека е!

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.