Тенорот Влатко Груевски синоќа го одржа солистичкиот концерт во чест на Тоше Проески, во пијано придружба на диригентот и пијанист Андреј Наунов пред преполната летна сцена во Крушево на 116 издание на НКС “Десет Дена Крушевска Република”, каде и се бараше слободно седиште повеќе.
Концертот на оперскиот пејач Груевски се претпоставува дека ќе биде прогласен за најпосетен настан во овогодинешното издание на НКС. Имено Груевски на неговиот инстаграм профил се заблагодари за масовната посетеност и укажа на тоа дека во Крушево сеуште постои публика за уметност која ужива во истата.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.