Битка на Беласица (Битка кај Клуч) — воениот судир што се случил на 29 јули 1014 година, помеѓу војските на царот Самоил, средновековен македонски владетел, кој на преминот од X кон XI век формирал пространо царство на територијата на Балканскиот Полуостров и византискиот цар Василиј II, со исход кој бил погубен за македонските војски и за Самоиловото царство. Голем број војници биле убиени, а останатите ослепени, со што била целосно уништена воената моќ на царството. Самоил по овој пораз не можел да се опорави и после три месеци починал.
До 1014 година, византискиот император Василиј II секоја година навлегувал во териториите на Самоиловото царство и напаѓал. Самуил сфатил дека не може со него да влезе во директен и отворен судир, посебно што веќе бил притиснат од сите страни, па решил да му го спречи влегувањето со прецизно изградени ровови. Знаејќи дека византискиот владетел влегува низ клисурите Кимба Лонга и Клидион, тој ги обградил и ги затворил со кули.
Кога царот Василиј стигнал до тие клисури, војниците на Самуил храбро нападнале. При тоа Самуил решил да стави сè на коцка и го испратил Несторица, еден од највлијателните големци од тоа време, со војска кон Солун, со цел да отворат два фронта и да ја поделат војската на Византијците. Но, тука веќе подготвен чекал војсководецот на Василиј,Теофилакт Вотанијат, кој ја разбил војската на Несторица. Вотанијат, всушност, гонејќи ги Самоиловите војници, стигнал до клисурата Клидион, ја преминал планината Беласица и ги изненадил утврдените војници на Самоил од зад грб.
Самоиловите војници не очекувајќи напад, се исплашиле и почнале да бегаат. Притоа многу војници загинале, а уште повеќе биле заробени. Самиот Самоил одвај ја избегнал опасноста да биде заробен, благодарение на синот Гаврил Радомир, кој храбро ги одбивал нападите, го качил татка си на коњ и го одвел во тврдината Прилеп.
Битката на Беласица претставува решавачка битка меѓу меѓу Византија и Самуиловата држава во која била решена судбината на средновековната македонска држава. Битката се одиграла на 29 јули 1014 год.Завршила со пораз на македонската војска и со заробување на 14000 до 15000 македонски војници кои биле ослепени по наредба на византискиот император Василиј II.
Откако царот Самоил ги видел своите ослепени војници починал од срцев удар.Тоа претставувало почеток на крајот на Самоиловата држава која постоела од 969 до 1018 год. и е позната како Самоилово царство бидејќи Самоил останал единствен владетел по смртта на неговите браќа Давид, Мојсеј и Арон.Центар на самоиловата држава била Македонија со главен град најпрвин Преспа. Подоцна државата ги проширила своите граници и во нејзинот состав влегле Бугарија, делови од Грција односно Тесалија и Епир, потоа Албанија,Рашка, Дукља и Босна.Самуил бил прогласен за цар измеѓу 996 и 1000 год. од страна на папата Гргур V.Наскоро византискиот император Василиј II започнал офанзива за ликвидирање на самоиловата држава.Во 1000 година била заземена Сердика односно Софија.„Ова што е стечено за тоа царството беше од неизмерна вредност,зошто Црно Море сега беше ослободено од бугарските заседи и е повратено општењето меѓу Цариград и Подунавјето, а Тракија беше обезбедена од страна на балканот“. Во периодот од 1001 до 1004 год. биле заземени:Колидрон,Сервија,Воден,Верија и Видин, .„Со тоа беше завршен четиригодишниот поход на Василиј против Самуил,кој избегал пред византискиот цар и овој завладеал со многубројните тврдини,од кои некои разурнал, а некои задржал за себе“. Во 1005год. и Драч му ја откажал својата лојалност на Самоил.Така територијата на Самуиловата држава многу се намалила. Сепак решавачката битка се одиграла како што споменавме на 29 јули 1014 год. кај Беласица.
Македонските историчари го именуваат Самоил како македонски цар, истакнувајќи дека тој учествувал во бунтот на комитопулите 969 година, кога била отфрлена бугарската врховна власт во Западна и Југозападна Македонија и биле поставени темелите на македонската средновековна држава, која по него е именувана како Самоилово Царство, најголема ранофеудална државна творба на Балканот. Во негово време македонската средновековна држава го достигнала врвот во својот развиток.
Учествувал во востанието на комитопулите против византиската власт во 976 година. Во почетокот владеел заедно со своите браќа Давид, Мојсеј и Арон, а по загинувањето на Давид и Мојсеј владеел заедно со брат му Арон, но по ликвидирањето на Арона, станал единствен владетел во државата во 986 година. Според некои извори, се прогласил за цар, со круна што му ја испратил римскиот папа.
Починал во Преспа од срцев удар, потресен од морничавата глетка кога ги видел своите ослепени војници што му ги испратил Василиј. Бил оженет со византиската благородничка Агата од Драч, со која имал четири ќерки и син. Зачуван е неговиот натпис (992/3), во спомен на родителите и на братот Давид. и на Балканот воопшто.
Поразот кај Беласица и ослепувањето на Самоиловите војници е еден од најтемните денови во историјата на македонскиот народ