Брзи триаголници со сирење Брзи, едноставни и превкусни триаголници готови за час.
На работната површина ја ставаме првата кора и со лажица по малку насекаде капнуваме од маслото и киселата вода. Ја превиткуваме кората на половина и повторно капнуваме.
Повторно ја превиткуваме уште еднаш и ја повторуваме постапката со масло и кисела вода. На крајот од кората ставаме една лажичка фил и ја виткаме За филот сирењето го дробиме ја додаваме киселата павлака и се убаво мешаме. Доколку ви се малку масло и кисела вода ќе си дополните.
Ја повторуваме постапката со сите останат кори.
Јајцето го матиме и додаваме една лажица сенф и се убаво мешаме, со ова со четка ги премачкуваме триаголниците и потоа наросуваме со сусам.
Триаголниците се печат во загреана рерна на 200 степени околу дваесет минути.
Печени се оставаат малку да оладат и се конзумираат.
Добар апетит!
Потребни состојки
500 гр. кори за пита
прелив
1 чаша масло
1 чаша кисела вода
Фил
200 гр сирење или изварка
5 лажици кисела павлака
1 јајце
1 лажица сенф и сусам