Филмот е реализиран со поддршка на Хрватскиот Аудиовизуелен Центар и Филмскиот Центар на Србија, а Авард Филм и Видео е дел од копродукцијата со сопствено учество. Овој филм македонската премиера ќе ја има во рамките на фестивалот Синедејс во ноември 2019.
На 19 август 2019, премиера во главната програма на престижниот Сараевски Филмски Фестивал ќе ја има и албанскиот игран филм „Отворена врата” на режисерот Флоренц Папас. Продуцент на филмот е Bunker FIlm+ од Албанија (Ено Милкани), а како копродуценти се јавуваат Circle Film од Косово (Бесник Крапи), Lupin Film од Италија (Рикардно Неро) и Авард Филм и Видео од Македонија (Владимир Стојчевски и Горан Стојилковиќ).
Како македонски дел од екипата во проектот учествуваат и актерот Висар Вишка, композиторот Александар Пејовски, Фејми Даут како прв асистент на камера, дизајнерот на звук Игор Поповски од студиото Аудиохаус, заедно со целосната екипа на секторот звук составена од Ристо Алчинов, Илија Цветковски, Драган Спасов, Ненад Стефаноски и Леотрим Вока.
Проектот е реализиран со поддршка на Националните филмски центри на Албанија и Косово, како и со поддршка на Еуримаж. Македонската премиера филмот ќе ја има во рамките на фестивалот Манаки, во септември 2019, по што ќе следи и неговата кино дистрибуција.