Цветинова награда за Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” и за директорката д-р Елена Јованова Грујовска 

На иницијатива на ликовниот уметник и хуманист Живко Поповски Цветин на 12 март 2025 година во просториите на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” со пригодна свеченост се доделија неколку Цветинов награди за мир.

Првата доделен награда беше доделена за самиот Институт, а следната за директорката Директорката на Институтот, д-р Елена Јованова Грујовска.

Со громогласни аплаузи беше поздравен овој чин.

Со посебна благодарност за афирмација на македонската култура и уметност Живко му се обрати и му додели награда на Симе Младеновски, продуцент на емисијата “Лица и дела” на ТВ Сонце.

Во салата се претставија две поетеси, м-р Оливера Јовановска, која ја прочита својата творба посветена на преродбеникот Мисирков, додека м-р Елеонора Николовска прочита творба од поетот Мендо Димовски.

Одекна и гласот на позната певица Серафина Фантаузо, која изведе позната канцона.

Сопственикот на најмалиот етно музејот, кој се наоѓа во тетовско Џепчиште, Симеон Златев Моне и писателот Илко Димитриески Шарпланинец на директорката ѝ подарија свои книги.

На Цветиновата петиција за мир во светот се потпишаа присутните, одушеви од овој настан.

Поповски има доделено повеќе Цветинови награди за мир, но за прв пат настанот доби толку свечена форма.

Воедно и директорката се заблагодари и кажа дека ова ѝ е прва награда неа, иако таа доделила многу на заслужни негувачи на литературниот македонски јазик.

 

Валентина Ѓоргиевска Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.