На 18.03.2025 година, во 20:00 часот во големата сала на Македонската филхармонија во Скопје ќе се оддржи светската концертна проомоција на албумот „Маглота“ на Јордан Костов и пријателите. „Маглота“ е албум кој е снимен во Ханои во 2023 година.
„Маглота“ го претставува музички проект на Јордан, роден од неговата длабока врска со Виетнам. Тоа е доказ за магијата што се случува кога музиката се испреплетува со културата. Албумот вешто го инкорпорира традиционалните музички инструменти кои се длабоко испреплетени со нашиот секојдневен живот. Тоа што плени е и хармоничното спојување на традиционалните виетнамски мелодии со уникатниот музички стил на Јордан Костов.
„Маглота“ е енергичното музичко игралиште кое постојано бара нови бои и значајни вредности што ги носи музиката. Виетнам одигра клучна улога во музичкото патување на Јордан, бидејќи тој навлезе во локалната култура и формираше врски со виетнамските пријатели.
солисти:
Јордан Костов, хармоника
Роман Столјар , пијано
Бренда Охана, маримба
Фенг Хао, тапани
Рубем Фариас, контрабас
Ник Де Карло, туба
Хор Св. Злата Мегленска . диригентка Летка Димовска – Полизова