Почетна КУЛТУРА Театар Зрак на светлина за македонските драмски автори – На “Војдан Чернодрински“ ќе...

Зрак на светлина за македонските драмски автори – На “Војдан Чернодрински“ ќе биде организиран пичинг форумот „ДРАМОЛЕТАЊЕ“

И додека со денови размислував, како и што да напишам  во мојата колумна со наслов “Зошто македонските театри, не ги сакаат македонските драмски автори“, следејќи ги со интерес објавите на годишните програми од македонските театри за тековната 2025 година, но и познавајќи ја македонската театарска сцена со години, за што и неколку пати јавно сум говорела, една информација ми даде потврда, дека она што јас го согледувам е вистинско и реално и секако ми даде надеж дека нешто ќе се смени. И текстот доби нов наслов-надежен.

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ ,после неколку најави на Уметничкиот директор на  Фестивалот  д-р Ана Стојаноска, деновиве ја промовира новата платформа за поддршка и промоција на македонската современа драма!

Во рамките на фестивалската програма, оваа година ќе се одржи  пичинг-форумот „Драмолетување – подем на македонската современа драма“ ,  за сите драмски автори што сакаат да ги претстават своите дела пред театарски план. Оваа иницијатива има цел да ги поврзе авторите со режисери, продуценти и национални театри, отворајќи простор за нови сценски продукции.

На  повикот може да се пријави секој македонски драмски автори,  со  оригиналното драмско дело,  што досега не било изведено на сцената. Во правилата стои дека секој автор може да се пријави со максимум  едно  драмско дело.

Како да се пријавите доколку сте заинтересирани, можете да видите на страната на Фестивалот – https://mtf.com.mk/otvoren-povik-za-uchestvo-na-piching-forumot-dramoletanje/

На страната во објаснувањето меѓу другото пишува:

-Во време кога македонскиот драмски автор е целосно истиснат од домашната театарска сцена, промоција на македонската современа драма се јавува како неминовен и итен чекор што треба да се преземе за да се надмине оваа состојба. МТФ „Војдан Чернодрински“ ја препознава таквата потреба и во својата програма, оваа година ја воведува иницијативата „Драмолетање“ со цел да им се стави на новите и афирмирани драмски автори да ги претстават своите дела пред режисери, продуценти и директори на театри и на тој начин да се развиваат и изведат. 

Што, всушност, претставува „Драмолетување“?  Тоа е простор за афирмација на македонската драматика создаден за да промовира нови македонски драмски автори и дела, да ги поврзаните авторите со режисери, продуценти и театари и да се различни нови сценски продукции. Со други зборови − да создаде една активна заедница на театарски решение.

Форумот ќе се одвива низ неколку фази. Најпрво, преку отворена повик за пријавување ќе се одберат шест до осум драмски текста селекција на стручната комисија ќе прави врз основа на нивната оригиналност, релевантност и продукција на вредност. Понатаму, предвиден е период на подготовка, избраните автори ќе имаат можност да учествуваат во работи со ментори, каде што ќе учат како да ја подготват својата презентација и да го изберат својот текст. Самиот пинг ќе се одвива во рамките на фестивалската програма. Авторите ќе го претстават своето дело пред стручната публика, а по презентацијата ќе има прашања  Q&A сесија . Сите претставени драми ќе бидат објавени во дигитален каталог, а најперспективните автори можат да бидат повикани на идни работилници или драми читања.

Оваа иницијатива е од обичен повик за текстови – таа е повеќе за создавање и можност за вмрежување. Ако драмскиот текст е основата врз која се градат моќни претставени, тогаш „Драмолетување“ е лет што треба да го врати македонскиот драмски автор на заслуженото место – на македонската театарска сцена.

 

Да се надеваме на подем на македонската драма. Да се надеваме дека македонските театри, нема да избегнуваат поставување текстови од македонски драмски автори. Да се надеваме дека ова ќе е еден прв чекор за македонските режисери да ги подзаборават странските автори чии дела се повторуваат на сцените на различните театри, со децении. Да се надеваме дека со „Драмолетување“, МТФ „Војдан Чернодрински“ ќе создаде функционална платформа, која ќе помогне да се формира иднината на македонскиот театар.

М-р Татјана Гогоска

 

metropolis-big