Дипломатскиот клуб – Скопје и Друштвото на писателите на Македонија ја имаат честа да ве поканат на промоција на книгата „Ноќни белешки“ од Н. Е. г. Петре Наковски, прв амбасадор на независна Р. Македонија во Полска, во периодот од 1995 до 1999 година.
Петре Наковски е роден на 17 јули 1937 година во Крчишта, Костурско. Тој е прозаист, член на ДПМ од 1989 година, автор на неколку романи што го третираат прашањето на егзодусот на македонското население во граѓанската војна во Грција. „Ноќни белешки“ се мемоарски записи од г. Петре Наковски, прибележувани во текот на неговата дипломатска мисија во Полска. Промотор на „Ноќни белешки“ ќе биде Н. Е. амбасадорот Јован Теговски, претседател на Дипломатскиот клуб – Скопје, а свое поздравно обраќање ќе има Ана Каспшах, заменик-амбасадор во Амбасадата на Полска во Скопје. Рецензент на „Ноќни белешки“ е Драган Јањатов, дипломат, член на Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб – Скопје.
Промоцијата ќе се одржи на 28 февруари (петок), 2025 година со почеток во 11.00 часот во ЈУ “Кочо Рацин“ – Скопје, на ул. „Димитрије Чуповски“ бр. 20 (поранешен Дом на градежниците).
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.