Концерт со џезерите- “Кубанскиот оган” помина низ нашите тела 

Под насловот Cuban Fire („Кубански оган“) страствен концерт со афро-кубанска музика одржа Националниот џез оркестар (НЏО), на 20 февруари 2025 година во Филхармонијата. На концертот диригираше Зиги Фајгл од Австрија, проверен и добар пријател на нашите џезери, кој воедно пред 8 години исто така беше диригент на нивниот прв концерт (со теми од “Битлси” во МОБ, уште кога беа Здружение на џез музичари).
Оттука Фајгл и ги знаеше наизуст имињата и презимињата на сите 24 музичари од оркестарот и на специјалните гости и сите нив ги поздрави поединечно, но рече дека би требало барем два пати во годината да доаѓа во Скопје и да работи со овој фантастичен оркестар, кој многу го поддржува и тогаш уште подобро ќе ги изговара имињата на музичарите.
Концертот беше насловен Cuban fire, по албумот на американскиот џез-музичар, пијанист, композитор, аранжер и бенд-лидер Стен Кентон.
Содржеше два дела, првиот со фокус на познати џез нумери, a во вториот теми од албумот Cuban Fire снимен од Кентон и неговиот оркестар 1956 година и оценет од критиката како „возбудлива и кинематографска фузија на кубанската и биг-бенд музиката“.
Пред самиот крај Фајлг рече „Оваа композиција се вика “Три срца”, а вечерва за вас свират 24 срца“.
А, џезерите како и секогаш досега и овој пат виртуозно и со многу страст страст отсвиреа дел од најзначајните композиции на Кентон,
Најголем впечаток оставија изведбите со  засилена ритам секција и со потипичен латино ритам, кои ги поместуваат од столче оние кои сакаат да “цупкаат” со нозете. На концертот присуствуваше и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.