Излезе од печат романот “Последното патување” од Боби Петковски

10.02.2025

Издавачот “Дата песнопој” овие денови го најави излегувањето од печат на роман за последното патување на Александар Македонски, од авторот Боби Петковски. Носи наслов токму така, “Последното патување” и претставува роман кој се чита во еден здив, преполн динамика, естетска фикција за потрагата по вечното пребивалиште на најголемото освојувач на сите времиња.

-Во историските записи постојат две теории од кои едната вели дека е погребан во Мемфис, тогашен Египет, а другата теорија вели дека мајка му Клеопатра организирала таен караван со камили и дека телото го пренела на наши простори во Македонија. Е тука јас си играм со мечтата и перото и правам своја верзија. Оттука можете да забележите дека романот е всушност историска фикција. Мене, отсекогаш ме фацинирал животот а посебно смртта на Александар Македонски, чие што почивалиште до ден- денес е најголемата археолошка мистерија. Судејќи според тоа што за време на мојот земен живот нема да се случи откривањето на истото, си го дозволив тоа да напишам фикција, а ние писателите сме единствени кои можеме да си дозволиме да си ги фантазирање нештата според сопствена желба и потреба, па ја искористив можноста да создадам сопствено видување за самиот тој чин, изјави авторот инаку познат како радио водител и плоден текстописец пред сѐ на народни песни, особено на кумановски дијалект и големи хитови од фестивалот “Тумба фест”.

Наскоро ќе се најде во продажба и ова книжевно дело.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.