Почетна МУЗИКА Забавна Музика Афро-кубанска музика со џезерите 

Афро-кубанска музика со џезерите 

Националниот џез оркестар поканува на уште едно неверојатно музичко доживување што се фокусира на Афро-кубанска музика и ги спојува биг-бенд музиката со кубанските ритми и мелодии!
Низ оваа автентична “латино свита” ќе нѐ води нивниот долгогодишен пријател и соработник, диригентот Зиги Фајгл (AU) кој со години го држи пиедесталот на најдобар биг-бенд диригент во Европа и пошироко.
𝗖𝘂𝗯𝗮𝗻 𝗙𝗶𝗿𝗲 е насловот на концертот кој е закажан за 20 февруари  2025 година во Филхармонија, со почеток од 20 часот, именуван по истоимениот албум на исклучителниот американски џез-бенд лидер, пијанист, композитор и аранжер, Стен Кентон. Репертоарот вбројува дел од најзначајните композиции на Кентон, вклучувајќи го и албумот Cuban Fire, вистинско биг-бенд ремек-дело кое критиката го опишува како „возбудлива и кинематографска фузија на кубанската и биг-бенд музиката.“
Билетите за концертот може да ги набавите online на https://mktickets.mk/event/cuban-fire/ и на продажните места на MKTickets.
metropolis-big