Нолемиот електронски настан оваа пролет пристигнува во Скопје! На 15 март 2025 година, во Скопје Евент Центар, ќе се одржи првото издание на Electronic Retreat, со Jax Jones како хедлајнер!
Ова е првото гостување на Jax Jones во Македонија – артист кој со своите мегахитови како “You Don’t Know Me,” “Breathe” и “Instruction” го освојува светот и поставува нови стандарди во електронската музика.
Заедно со него, на сцената ќе настапат и:
Јоргос Митропетрос – талентираниот македонски диџеј
HALO – електронски виртуоз од Холандија
Кики Ботонаки – енергичната сензација од Грција
Билетите ќе бидат пуштени во продажба од понеделник (03.02.2025), онлајн на ticketx.mk како и во продажната мрежа на TicketX низ цела Македонија по следниве лимитирани “Early Bird” цени:
“Early Bird” Fan Zone – 990 денари
“Early Bird” VIP – 1.500 денари
– Бидете дел од овој историски момент – почетокот на новата ера во електронската музика кај нас! Очекувајте вечер исполнета со моќни битови, неверојатна продукција и атмосфера која ќе ве однесе на музичко патување какво што досега не сте доживеале!, порачува организаторот .