Изложба “Балканска геометрија” од Милош Милосављевиќ

Галерија МКЦ 5. февруари 2025 година, 20.00 часот

 

Циклус на слики со наслов „Балканска геометрија” е примерен предмет во уметничките истражувања присутни во моето творештво во период од последните петнаесет години.

Во гореспомнатиот циклус, кроз автентичен ликовен јазик, во една ликовна целина прикажувам синтеза на различни култури, која се јавува како последица на егзистирање на различни цивилизации на балканскиот полуостров. Чести судири на политички интереси (кои се и денес преприсутни на овие простори), кои неретко резултирале со разорувачки војни, оставиле голем белег, не само на карактеристична шаренолика архитектура на балканските градови, него и на култура и менталитет на балканските народи.

Прецизни и сведени линии, во комбиназија со слоевиото обоени форми (на кои обично доминира умерен колорит), формираат строго ограничени геометриски површини, кои го наметнуваат ЅИД како централен објект. ЅИД како таков, представува метафора за дезинтеграциски процеси, поделби, прекројаување на граници.., и други нешта, често присутни на просторот на Балканот.

 

Изложбата ќе трае до 15. февруари

 

2008: Магистрирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје со тезата “УРБАНИ ЗДРУЖЕНИЈА” под менторство на професорот Родољуб Анастасов 2004 : Дипломирал на Факултетот за сликарство на Факултетот за уметности во Ниш, во класата на професорот Ѓуро Радоњиќ

Вонреден професор и декан на Факултетот за дизајн и мултимедија на АУЕ ФОН, Скопје, каде предава курсеви од областа на цртачки, сликарски техники и илустрација.

Наградата за сликарство “Златен лист” му била доделена од страна на Институтот МЕТАНОЈА, Здружението за култура “Транзен“ и Фондацијата “Владимир Георгиевски“, во 2024 година.

***

Ликовниот говор на Милош Милосављевиќ се поврзува со асоцијативната геометриска апстракција, која на сликарски вешт начин се спојува со лирската апстракција, предавајќи се на духовното истражување во времето и просторот.Анализирајќи ги општествените, гео-политичките и историските превирања на овие простори, Милосављевиќ ја визуализира феноменологијата на културно-историското наследство и степенот на различн

ст, поставувајќи ги во центарот на настаните ѕидовите како метафори на апсурдните поделби и сеопшти дезинтеграции.

Со автентичен ликовен јазик, во кој, во тактовите на ритмичката игра, се менуваат доминантноста на колоритот и геометризираните линии. Авторот ја следи силата на внатрешната скриена енергија, сугерирајќи истовремено, на богатството и големината, но и несигурноста во рамките на општествените, политичките и културолошките карактеристики на Балканскиот регион.

Авторот истовремено се фокусира на динамичните промени на идентитетот и настанокот на нови урбани целини на нашите простори кои како такви, представуваат продукт, до процесот на синтеза на различни цивилизации.

Инкорпорирајќи ја самата идеја со ритамот на движењата, како и нагласениот чист сликарски јазик : ритамот на бои, површини и форми, следи интересна динамика на внатрешните визии.

Радмила Лазаревиќ

Виш кустос на Галеријата на Народниот Музеј во Ниш.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.