Во четврток, на 30 јануари 2025 година ќе биде одржана Комеморација за големиот македонски сликар и сестран уметник Коле Манев, во Националната галерија Даут Пашин амам во 12 часот.
Коле Манев (Бапчор, Костурско, егејскиот дел на Македонија, 11 ноември 1941 – Скопје, 22 јануари 2025- познат македонски сликар и филмски работник од областа на документаристиката, каде снимал филмови за Вардар филм и МРТ 1.
Роден е на 11 ноември 1941 година во Бапчор, Грција, починал на 22 јануари 2025 година во Скопје, Македонија на 83 годишна возраст.
Македонец.
Сликар и режисер, познат по режија на: “Мост” и “Еко Скоп”.
Манев е роден на 11 ноември 1941 година во Бапчор, Егејска Македонија. Училиште за применета уметност завршил во Скопје. Во 1960 година завршил прв степен на Ликовната академија во Белград, а потоа заминал на студиски престој во Париз. Оттаму заминал за Прага, каде што посетувал предавања за анимиран филм.
Манев своите дела ги изложил на повеќе самостојни и групни изложби во Македонија, во Франција, како и во земјите од Балканот. Добитник бил на голем број меѓународни награди и признанија за филм и за сликарство.
Тој има снимено и два играни филмови, по негово сценарио и режија “Мост” (2006) и “Еко Скоп” (2022).
За исклучителен придонес во Македонската кинематографија прими наградата “Златен објектив” во 2021 година.
Манев беше соработник и колумнист долги години на „Нова Македонија“. Одреден период соработуваше и со порталот „Денешен весник“.
Беше и член и претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, каде актуелен претседател сега е неговата ќерка Јана Манева Чупоска.
Манев е легенда, значајна и доста почитувана личност, и сликар кој остави историски траги во македонското сликарство.
Извор: Википедија