Светот го загуби Дејвид Линч

Дејвид Кит Линч (англиски: David Keith Lynch), роден на 20 јануари 1946 година во Мисула, Монтана, САД, американски режисер, актер и сценарист.

Филмовите на Линч се познати по нивните елементи на надреализам, нивните кошмарни и сонливи секвенци, нивната силна и чудна фотографија, и педантно направената музика. Често неговите дела го истражуваат излитеното дно на малите американски градови (на пример, “Син сомот” и “Твин Пикс”) или брзоширечките метрополи (“Изгубениот автопат”, “Мулхоланд Драјв”). Поради неговиот невообичаен стил и фокусот на американската психа, комичарот Мел Брукс еднаш го нарекол Линч „Џими Стјуарт од Марс“.

За време на долгата кариера, Линч развил доследен пристап кон приказната и визуелниот стил и станал препознатлив за светската публика. Иако неговите филмови не се блокбастери, тој беше постојан фаворит меѓу филмските критичари и околу него веќе е изграден култ.

(“Blue Velvet“ и „Mulholland Drive“ и ТВ серијата „Twin Peaks“)

Брачни заедници:

Пеги Линч (1967-1974)

Мери Фиск (1977-1987)

Мери Свини (2006-2006)

Почина на 16 јануари 2025 година на 78 годишна возраст.

(Фото-Википедија)

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.