Шаде Аду наполни 66 години

Хелен Фоласад Аду (англиски: Helen Folasade Adu; Ибадан, родена на 16 јануари 1959), попозната како Шаде, е композитор, текстописец, аранжер, музички продуцент и пејачка со исклучителен контралто глас. Таа е водач и главен вокал на групата добитничка на Греми награда, која беше наречена Шаде по неа.

Датум на раѓање 16 јануари 1959 година (66 години)

Место на раѓање Ибадан, Нигерија

Активен период 1980 година – денес

Жанр- Соулсмут џез

 

Издавачка куќа

Epic Records

Portrait Records

Шаде Аду е родена во Ибадан, Нигерија. Нејзините родители Бизи Аду, нигериски професор по економија, и Ана Хејсз, англиска медицинска сестра, се запознале во Лондон, а подоцна се преселиле во Западна Африка. Подоцна, кога бракот на нејзините родители паднал во неволја, Ана се вратила во Англија со своите родители, земајќи ја со себе четиригодишната Шаде и нејзиниот постар брат.

 

 

Додека живееше во Колчестер, Шаде читаше многу, развила интерес за модата и танцот и уживаше да слуша соул уметници како што се Кертис Мејфилд, Дони Хатавеј и Марвин Геј.

Во 1977 година, Шаде се преселил во Лондон на тригодишен курс за моден дизајн на колеџот Сент Мартин. По дипломирањето, отвора мала модна продавница во Лондон со пријателката Џои Мелор. Работела и како фотомодел.

Таа за прв пат се појави на музичката сцена како членка на латинската соул група Арива, во која најпрво ја отпеа песната „Smooth Operator“, која подоцна ќе стане нејзиниот прв хит во САД. Самата група Арива не траеше долго.

Потоа се приклучил на групата Прајд, во која биле Реј Сент Џон, гитаристот Стјуарт Метјуман, басистот Пол Денман и тапанарот Пол Кук. Реј Сент Џон набрзо го напушти бендот, додека останатите четворица членови формираа нова група наречена “Шаде”. Бендот е создаден под влијание на нео соул. Клавијатуристот Ендрју Хејл му се придружи на бендот во 1983 година.

Песната Your Love is King беше објавена во 1984 година и стана хит. Во Ирска и Велика Британија беше во првите десет додека во САД беше во првите сто. Третиот сингл Smooth Operator беше објавен на 15 септември 1984 година и стана нејзин најголем хит во САД. Таа ја напиша оваа песна заедно со гитаристот Реј Сент Џон. Во 1985 година, Шаде се појави во филмот „Апсолутни почетници“ во режија на Џулијан Темпл, каде што ја играше пејачката Атина Данканон.

Истата година го издадоа новиот албум Promise , од кој произлегоа хитовите Never as good as he first time и The sweetest taboo.

Следната година, во 1986 година, таа ја освои наградата Греми за најдобар нов изведувач со бендот. Третиот албум Stronger than pride беше издаден во 1988 година и стана платинест три пати. Love Deluxe е четвртиот албум на бендот, објавен во 1992 година. Меѓу другото, албумот вклучуваше песни од претходните албуми.

Петти по ред албум е Lovers Rock. Овој албум му донесе на Шаде уште една Греми награда за најдобра женска поп вокална изведба во 2002 година. Во текот на 2001 и 2002 година, бендот имаше турнеја, на која го снимија на нивниот шести албум. Шаде на свои педесет години е желна за сцената повеќе од кога и да е, а во неа повторно гордо влезе со новиот албум „Soldier of Love”.

Овој нов албум на популарната британско- нигериска пејачка се најде на врвот на американските топ листи и во САД е продаден во повеќе од 500.000 примероци. Дискографија

 

Студиски албуми

1984: „Diamond Life“

1985: „Promise“

1988: „Stronger Than Pride“

1992: „Love Deluxe“

2000: „Lovers Rock“

2010: „Soldier of Love“

 

Други албуми

1992: „Remix Deluxe“

1994: „The Best of Sade“

2002: „Lovers Live“

Приватен живот 

Во 1986 година се преселила во Мадрид. На 11 октомври 1989 година, во стариот замок Винуелас во Мадрид, таа се омажи за шпанскиот филмски режисер Карлос Скола. Сепак, бракот беше краткотраен, по што Шаде се врати во Лондон.

Во средината на 1990-тите, Шаде се преселила во Очо Риос, Јамајка, каде што живеела со Боб Морган, јамајкански продуцент. На 21 јули 1996 година, таа роди ќерка по име Микаила. Во 2005 година сними нова песна „Mum“, која претходно ја изведе на хуманитарниот концерт „Гласови за Дарфур“. Денес живее во Глостершир, Котсволдс во Британија.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.