Музичарот и продуцент Драги Иванов со нова песна

На 25.12.24 музичарот и продуцент Драги Иванов ја објави песната “Усни”.

Драги Иванов, кој оваа година сподели три нови песни, ја заокружува 2024 со уште една, последна песна за 2024 на убав ден, католички Божиќ,  25. Декември.

Песната „Усни“ е напишана, изведена и продуцирана од Драги, а видео записот е реализаран со помош од Ѓорги Вацев, кој е одговорен за снимањето, колорот и целиот графички дизајн.

Може да ја чуете песната и да го видите спотот.

 

За да се случи овој видео записот, било потребно да му падне шеќерот, да јаде сникерс и да одмори пред воопшто да проба да го искачи Водно со точак, но му успеа. Тука исто така ја имаше подршката од двајца блиски луѓе, меѓу кои Ѓорги, кој го спомнавме веќе но, и Ведран Андонов, пријател на Драги од средно, кој во последен момент му излезе во пресрет и возеше до него, за да може да се случи овој видео запис. Во еден од неговите објави на Instagram сподели:

-Сакам да им се заблагодарам на двајцата што ми помогнаа да го направам спотот за “Усни”. Прво, Ѓорги Вацев, фала ти бато Џокица, шо дујде уд Битола, меѓу един куп други работи успеа да најдиш време да ми пумогниш да гу снимум спотут, ми пумугна уф едитут и колорут и се останато уд визуелен аспект, сето тоа уф ного кратук период. Фала ти преного. Второ, Ведран Андонов, Векси, ти кажав веќе, но од средно, во клупа заедно, нѐ спојува музика, мислам дека потсвесно, долго време ми било желба некако да те вклучам во тоа што го правам и бидеш дел, мило ми е што иако требаа 12 години од тогаш го направивме ова и се надевам ќе има повеќе. Фала ти премногу што во последен момент ми искочи во пресрет и возеше покрај мене за Џокица да може да ме снима”, запиша авторот на некој свој дијалект.

Неговата музика е и на Spotify.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.