Татјана Гогоска – Кој им го краде детството?

Колумна www.kulart.mk – Кој им го краде детството?

Пишува М-р Татјана Гогоска

Деновиве народот во регионот, повторно во “шок и неверување“ од убиството на едно дете и обид за убиство на повеќе ученици, чие детство не е прекинато благодарение на  храбрата наставничка, која за да ги заштити децата примила 31 убод од нож на себе, во едно основно училиште во Загреб. Се чини станавме регион во кој децата не само што се најранлива категорија туку и  институционално најнезаштитена.

И сега би прашала: Кој ни ги убива децата?

Додека се обидувам да го составам мозикот на општетествени состојби виновни за тоа, не ме напушта сознанието, дека виновници се:нефункционалните институциите, семејствата па оттаму и  целиот систем, во кој клучна улога имаат и медиумите, посебно оние социјалните, кои им се достапни на децата  во најразлични форми.

Ако во Белград, за најгрозоморното убиство што е направено од дете кон деца, истрагата се води кон утврдување на главна вина кај родителите, во најновиот случај во Загреб, 19 годишникот кој го направил овој злосторнички чин е со родители, кои многупати барале помош од институциите, од дневните центри и се правеле што било во нивна моќ, ама немало кој да им помогне.

Да споменам дека 15 лица од различна возраст (па и деца), заради затајување на институциите останаа под бетонскиот столб, кој се урна  на железничката станица во Нови Сад, за што млаите на Србија масовно протестираат.

Голем проблем, за кој е алармот од поодамна уклучен се медиумите особено социјалните. Меѓу нив како најопасна е апликацијата Тик-ток, заради која  само во нашиот град Скопје, во последниов месец имаме пријавени над 15 случаи на повреди кај деца, што се потенцијални изгубени детски животи. Слични случаи имавме скоро и во другите градови на Македонија. Засега само Албанија го забрани на една година користењето на оваа, по многу нешта опасна апликација.

Дали децата плаќат цена за транзицијата, која трае многу долго?

Последниве над 30 години, сме сведоци на талкања низ општествените и политички лавиринти на генерации, кои сега се токму родители на овие деца? Дали ја плаќаат несовесната образовна политика, каде со децении образовниот систем дојде до најниските скалила на општеството, па се изгубија вистинските вредности на воспитанието? А ние останавме само да сме горди на нашите Македонци образовани и способни, кои си заминаа од државава па така деновиве имаме двајца “доктори од Македонија, кои се специјалисти во болницата во Магдебург во Германија, кои покрај својата стручност покажаа исклучителна хуманост во спасување на животи “ (пренесуваат Германските медиуми).

Од останатите млади, успешни, полни со знаења и желба да се оди во позитивна нагорна насока, да ја креираат и спроведуваат функциналноста во институциите, најголем број најчесто се на маргините на општеството. Токму затоа во последниве 20 години од државава се иселиле над 77.000 млади луѓе од најразлични профили.

Не е само кај нас таква состојбата. Ако знаеме дека во Хрватска дури 72 отсто од младите сакаат да се иселат а 44 % во последниве четири години се исселиле трајно или за работа  и ако судиме по масовните протести во Белград, каде стоилјадници граѓани незадоволни од системот протестираат, состојбата безмалку е иста на овие наши простори.

А тука кај нас, дома? 

Студентите пред нов предизвик, дали ќе  го имаат толку потребниот беспалетен превоз следната година? Образованието пред сериозни предизвици, нови Закони за основно и средно образование, нови учебници, враќање на програмата и системот на образование. Наставниците пред постојан притисок. Родителите пред секојдневни предизвици за преживување и обезбедување пристоен живот за нивните деца, (освен “чест’ на исклучоци) кои се “снајдоа“ па не мора да се мачат со секојдневието. Институциите од областа на социјалата се мачни лавиринти по секој основ, дали се работи за детски додаток, инвалиднина или заслужена пензија. Велат, тешко на оној што треба да бара социјална помош. Да не го заборавиме екстремно загадениот воздух, за кој има решение но никако да дојдат вистинските формули во реалноста.

И затоа да не се прашуваме: Кој им го краде детсвото?

Одговорот е јасен: Нефункционалните институции и општествени системи, кои никако не можат да ја најдат вистинската формула, која би требало секогаш да ги води во функција на граѓаните, посебно децата и младите.

 

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.